Како тоа го прават другите ?


Заеми гарантирани од владата ќе им бидат понудени на странски купувачи на британска стока за да се помогне во зајакнување на извозот и поддршка на глобалното тргување по Брегзит.

UK Export Finance, владино тело за извозно -кредитни гаранции вчера ја стартуваше новата гарантна шема со која ќе им помогне на увозниците на стоки и услуги во Велика Британија да добијат финансии што им се потребни за купување британски производи.

Официјални лица за Financial Time изјавуваат дека ова ќе отвори можности за помалите британски фирми да обезбедат повеќе извозни договори со странски купувачи.

Британските банки ќе можат да понудат заеми до 30 милиони фунти за компаниите што купуваат од Велика Британија, при што владата ќе ја гарантира отплатата на кредитот.
Извозниците во Велика Британија ќе бидат исплатени однапред , додека нивните купувачи ќе имаат корист од флексибилните услови за отплата на кредитот на подолг период.

Греам Стјуарт, министер за извоз, рече дека владата е решена Велика Британија да ја задржи својата позиција како еден од првите пет светски извозници. Тој додаде дека шемата ќе им помогне на извозниците „да допрат до купувачи кои инаку би ги пропуштиле – и да се излезат посилни од пандемијата“.

Многу мали бизниси се соочуваат со последици од напуштањето на Велика Британија од ЕУ, вклучувајќи дополнителна бирократија и други трошоци за извозниците во Европа.
Многу мали бизниси, исто така, се борат со паричните текови со оглед на влијанието на коронавирусот врз нивните бизниси.

Пандемијата ги погоди глобалните синџири на снабдување, и странските купувачи кои се борат да дојдат до капитал потребен за увоз на стоки и услуги.

The Standard Buyer Loan Guarantee (SBLG) обезбедува гаранција до 85% од вредноста на договорот со компанија од Велика Британија.
Новата шема е дел од обидот на властите да го олеснат пристапот до кредитна поддршка за извозниците.