Како да се биде добар лидер во време на корона?

Економската и социјалната неизвесност што пандемијата на коронавирус ја предизвика низ целиот свет, создадоа многу нови и тешки предизвици за политичките, верските, локалните и деловните лидери.
Никој не предвиди дека доаѓа страшна пандемија, така што не многу лидери беа доволно подготвени за вакво нешто.
Но, лидерот мора да води без оглед на тоа колку е подготвен или искусен.
Во деловниот свет, лидерите се борат да се справат со новите реалности на социјално дистанцирање и зголемената потреба за работа од дома.
Ова е време кога лидерите треба да инспирираат надеж кај своите вработени, дури и кога се борат да ги одржат своите бизниси во живот. Ова е време кога лидерите треба да преземат брзи акции со кои ќе ги спасат текот на бизнисот и синџири на снабдување од пропаѓање.
Потрошувачките трендовите се менуваат побрзо од кога било досега, а компаниите се принудени да бидат во чекор со трендовите и да ризикуваат прекини во активностите.
Ова е време во која мора да се носат тешки и важни одлуки и што е најважно да се носат брзо.
Но, како може водачот да инспирира надеж во вакви тешки времиња?

За почеток, бизнис лидерите мора да тесно соработуваат со сите засегнати страни – владата, клиентите, потрошувачите, партнерите, инвеститорите и вработените – за да ја следат ситуацијата со вирусот и да дадат приоритет на безбедноста на сите. Во исто време, тие мора да се обидат да ја ублажат финансиската иднина на својата компанија и вработените.

Силните лидерски вештини никогаш не биле поважни од сега. Во продолжение се 5 силни лидерски вештини кои ќе ви помогнат да обезбедите лидерство што на вашите вработени им е толку многу потребно:ѓ

1.Имајте уверлива и конзистентна порака

Комуникацијата во време на криза бара многу повеќе  отколку во  било кое друго време, особено затоа што вашите подредени мора прво да веруваат во вашата порака пред да почнат да се придржуваат кон неа. Треба да инспирирате надеж дека сегашната криза ќе заврши наскоро, иако луѓето што ги инспирирате тогаш се убедени во спротивното.

Луѓето се очајни за „нормалното“ за да можат да се вратат назад и да продолжат со своите кариери и животи, но нивниот оптимизам го нема.

Единствената нивна надеж е дека нивните водачи можат да го трасираат патот напред. Но, исто така е нормално повеќето да немаат доверба во оние кои што ги имаат вистинските одговори на оваа пандемија.

Ќе имате поголеми шанси да успеете да ги инспирирате вашите вработени ако вашите постапки и говорот на телото се во согласност со вашите зборови.

Ова е време да ги искористите целото искуство, вредностите, талентите и квалитетите што вашиот персонал ги цени кај вас. Изградете ја вашата порака околу тие квалитети и бидете конзистентни во тоа.

2.Бидете сочувствителни

Секој лидер ќе треба да донесува тешки одлуки во време на оваа криза, но секогаш мора да поаѓате од позиција на емпатија и сочувство.
Ова е време кога вашите вештини за слушање ќе бидат ставени на тест како никогаш досега. Ова е време кога треба и мора да ги разберете чувствата и искуствата на вашите подредени пред да донесете какви било одлуки.
Ваквите вештини на слушање ќе ви помогнат да ги откриете стравовите и агонијата во прашањата што ги поставуваат вашите подредени, така што ќе можете да ги поставите правилните насоки и директиви.
Ќе биде природно некои од нив да се чувствуваат како да немате одговори или доволно добри решенија за нивните стравови.
Ако сте сочувствителни, тоа ќе ви помогне подобро да ги разберете нивната параноја и скептичност со цел подобро да ги обликувате вашите решенија на начин кој што ќе инспирира надеж.

3.Бидете истрајни

Настојувајте да не бидете преоптоварени од предизвиците што ги донесе оваа пандемија. Дозволете им на сите да ја видат вашата решеност за победата на оваа болест и нејзините ефекти.
Да се биде упорен вклучува да се размислува долгорочно и да им се помогне на сите околу вас да ја видат поголемата слика, дури и кога сегашната реалност изгледа толку мрачна и вознемирувачка.
Колку и да треба да бидете реактивни при справување со проблемите како што доаѓаат, треба да бидете и одговорни.
Така ќе ги претворите вработените и луѓето околу вас да бидат верници и следбеници.
Се разбира дека решението лежи далеку во иднината, но само преку вашата денешна упорност ќе се постигне иднината што сите ја посакуваат.

4. Бидете искрени

Има многу дезинформации кои ги создаваат социјалните медиуми и тоа доведува понекогаш до забуна. Не долевајте гориво на овој збунувачки тренд.
Бидете јасни и искрени во вашите пораки, фокусирајќи се повеќе на тоа како вирусот може да се победи.

5. Побарајте помош кога ви е потребна

Луѓето со кои работите ги имаат речиси истите соништа и амбиции како и вие. Тие исто така имаат идеи што можат понекогаш да ви помогнат да се насочите правилно во овој мрачен и незивесен период на пандемија на СОВИД-19.
Затоа е добро да побарате идеи за тоа како да се оди напред.

Заклучок:

Со малку повеќе храброст, емоционална интелигенција и интегритет, ќе успеете добро да се движите низ моменталната криза на коронавирус. Она што треба да го запомните е да се грижите за луѓето околу вас и да комуницирате ефективно и со јасност.