Трговијата на Кина со остатокот од светот се намали во април, бидејќи карантините заради ширењето на Ковид 19 ги затвори фабриките и ги поремети синџирите на снабдување, предизвикувајќи широко забавување на втората по големина економија во светот.

Кинескиот извоз во април се зголеми за само 3,9% во однос на април минатата година, покажаа податоците на кинеското царинско биро во понеделникот, што е значително помалку од растот од 14,7% во претходниот месец март. Тоа е најслаб пораст во изминатите две години.

Влијание врз намалениот извооз и трговијата на Кина со светот има и рекордната инфлација која ги зголеми трошоците во светот, како и војната во Украина која има сериозни негатривни влијанија врз светскатра економија.

На месечно ниво, кинескиот извоз бележи пад од 0,9% во април, додека увозот е намален за 2,7%.

Слабите бројки покажуваат дека трговскиот сектор на Кина, кој сочинува околу една третина од бруто домашниот производ, губи импулс бидејќи заклучувањето низ целата земја ги зароби синџирите на снабдување во големите центри како Шангај, зголемувајќи ги ризиците од подлабоко забавување на втората по големина економија во светот.

Кинеската метрополата со 25 милиони луѓе се соочува со тешки карантини и ограничувања повеќе од еден месец додека властите се обидуваат да го намалат ширењето на заразата со Ковид 19.

 Производителот на електрични возила Tesla Inc. ја затвори својата фабрика во градот на три недели во април, додека добавувачот на автоделови Robert Bosch GmbH и производителот на хемикалии BASF SE пријавија потешкотии во набавката на компоненти поради недостиг на камиони и затворања на добавувачи.

Не е само Шангај погоден од пристапот на Пекинг за нулта толеранција кон вирусот. Десетици други кинески градови доживуваат одреден степен на ограничување на економската активност и секојдневниот живот.