Кина воведе забрана за извоз на машини и технологии за преработка на ретки метали. Како причина се наведува националната безбедност. Земјата со тоа ја нагласува својата водечка глобална улога во снабдувањето со овие суровини, кои се важни во производството на електрични автомобили, но и во целиот процес на зелена транзиција.
Во услови на дискусии во ЕУ за помала зависност од Кина, Кинезите ги заоструваат своите закони за извоз поврзан со ретките метали. Кина е најголем светски преработувач на метали.
Како причина за забраната за технологии поврзани со вадење и одвојување на овие ретки метали Кина , меѓу другото, ја наведува и заштитата на националната безбедност.
Ретките метали се група од 17 елементи кои се користат, меѓу другото, во производството на магнети. Тие се важен дел од електричните автомобили, турбините на ветер и електрониката.
Бидејќи западните земји бараат да основаат свои погони за преработка на ретки земји, забраната најверојатно ќе има најголемо влијание врз таканаречените тешки ретки метали. Тие се користат во електрични мотори, медицински помагала и оружје.
Кина практично има монопол на рафинирањете на овие метали.
Во исто време, побарувачката за овие метали се зголемува со преминот кон јаглерод помалку интензивни економии.
Со неодамнешното заострување на извозот, Кина ја проширува својата доминација во неколку стратешки метали.
Во октомври, Пекинг воведе контрола на извозот на графит. Кина е најголемиот светски производител на графит и исто така преработува повеќе од 90 % од светскиот графит во материјал што се користи во речиси сите батерии за електрични автомобили.
Извор: Reuters