Кина ја одржа својата позиција како најголем производствен центар во светот веќе 11 години, учествувајќи со скоро 30% од глобалното производство, покажуваат податоците на Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина.

Во последните пет години, индустриското производство со додадена вредност во Кина се зголеми од 23,5 трилиони јуани (околу 3,63 трилиони американски долари) на 31,3 трилиони јуани, што е зголемување за околу 33%

За време на Петгодишниот план 2016-2020, просечната годишна стапка на раст на производството со додадена вредност од високо-технолошкиот сектор во Кина изнесуваше 10,4%, што е за 4,9 процентни поени повеќе од вкупното индустриско производство, покажуваат податоците на кинеските власти.

Индустриите за пренос на информации, софтвер и услужна информатичка технологија забележале огромен напредок во текот на овој период. Нивното индустриско производство со додадена вредност се зголеми од 1,8 трилиони јуани на 3,8 трилиони јуани, а учеството во бруто домашниот производ пораснал од 2,5% на 3,7%.