Кина најави формирање на нова гигантска државна Кинеска логистичка групација (China Logistics Group -CLG), која има за цел да ја зајакне својата позиција во меѓународните синџири на снабдување преку развивање меѓународни трговски врски и товарни услуги, како и прекугранична е-трговија, пишува Transinfo.
Новата државна компанија, која ќе биде додаток на карго товарниот пазар, во моментов опфаќа 30 кинески провинции, има присуство на пет континенти и оперира со 3 милиони возила, се вели во соопштението на кинеската државна телевизија.
China Logistics Group е формирана преку спојување на China Railway Materials, China National Materials Storage and Transportation Group, Huamao International Freight Limited Company филијала Шенжен, China Logistics и China National Packaging Corporation, објави Ројтерс.
Сопствениците на групацијата CLG исто така ги вклучуваат и China Eastern Airlines, COSCO Shipping и China Merchants Group.
Како што пишува државниот Global Times, CLG ќе помогне да се стабилизираат синџирите на снабдување по кризата со коронавирус.
“Овој потег покажува дека врвните носители на одлуки го префрлаат своето внимание од сопственоста на глобалниот транспортен хардвер кон подобро управување со глобалните синџири на снабдување“, рече Ли Хонгчанг, заменик-директор на кинескиот центар за економски истражувања за транспорт.