Foto: Pierre-Yves Babelon/shutterstock.com

Кинеската авиокомпанија Jisheng Airlines воведе редовна карго линија помеѓу градот Чангша, на југот на Кина и Белград, пишува порталот Exyuaviation.

На таа линија, ќе лета Boing 747-300 на белоруската авиокомпанија TransAVIAexport.

Редовните летови се воведени во текот на декември и првенствено се наменети за транспорт на медицински материјали, облека, делови за автомобили, сензори и разни комерцијални производи, а летовите ќе бидат два пати неделно.

Воведувањето на таа линија претставува прва редовна карго-авиокомпанија меѓу Кина и Србија, пишува порталот.