Светската банка во своите најнови прогнози предвидува раст на кинескиот бруто домашен производ (БДП) годинава ќе достигне 8,5%, како резултат на ниската основа од лани, раст на побарувачката и силниот извоз. Тоа е за 0,4% повисоко од претходната прогноза за раст од 8,1%, главно како резултат на зајакнувањето на странската побарувачка.
„Се очекува структурата на агрегатната побарувачка да продолжи да се менува во корист на приватната домашна побарувачка“, објави Светска банка.
Реалниот раст на потрошувачката постепено се враќа на нивоата пред Ковид-19, според Светска банка, поддржувајќи го континуираното закрепнување на пазарот на трудот преку подобрување на довербата на потрошувачите.
Инвестициите, како што наведува Светската банка, ќе останат мотор на економскиот раст на Кина.