Кинеската економија падна за 6,8% во првото тромесечие за прв пат по три децении

Економијата на Кина во првото тромесечие годинава забележа пад за прв пат после три децении раст, откако коронавирусот предизвика затворање на фабриките и трговските центри и остави милиони луѓе без работа.

Бруто домашниот производ (БДП) на Кина во периодот јануари-март падна за 6,8% во споредба со претходната година, покажаа официјалните статистички податоци објавени вчера.
Ова е прво намалување на на БДП на втората по големина економија во светот, откако во 1992 година започна мерењето за кварталните податоци за БДП.

Кинеските власти велат дека резултатите во вториот квартал ќе бидат многу подобри, но економските аналитичари велат дека Пекинг се соочува со тешка битка за да го заживее растот и да го запре масовното губење на рабтни места.
Имено, глобалното ширење на коронавирусот ја намали целосно побарувачката за кинески производи од страна на најголемите трговски партнери на Кина, во услови кога е намалена и локалната потрошувачка заради епидемијата и кога се намални приходите на кинеските граѓани заради загубите на работните места.

Иајко извозот на Кина во март падна за 6,6%, помалку од очекуваното, а производствениот капацитет постепено се обновува, економистите предупредуваа дека поголеми падови ќе следатсо оглед дека пандемијата го затвори остатокот од светот и надворешната побарувачка за кинеските производи е драстично намалена.

Продажбата на мало во Кина во март се намали 15,8% во споредба со претходната година, а продажбата на автомобили во февруари се намали за дури 82%.

За да ја поттикнат домашната потриошувачка кинеските власти најавија масовни фискални пакети и почнување на големи инфраструктурни проекти.

Минатата година кинеската економија забележат раст од 6,1%, додека за 2020 година се очекува Кина да има раст на економијата од 2,5%, што би било најнизок раст во последните 50 години.