Извозот од Кина во јануари и февруари пораснал со рекордно темпо во споредба со претходната година кога КОВИД-19 ја погоди втората најголема економија во светот, покажаа податоците на кинеските власти.

Во периодот јануари-февруари, извозот скокнал 60,6% во однос на претходната година, кога блокирањата заради пандемијата ја парализираа економската активност на земјата. Тоа ја надмина прогнозата на аналитичарите во анкетата на Ројтерс за скок од 38,9%.

Силниот извоз, кој профитираше од успехот на Кина во ограничување на јавната здравствена криза, помогна во закрепнување на заздравувањето на земјата од парализата предизвикана од пандемија.

Во периодот јануари-февруари, увозот се зголемил за 22,2% во однос на претходната година, што е повеќе од прогнозата за раст од 15%.

Кина забележа трговски суфицит од 103,25 милијарди долари за првите два месеци. Аналитичарите очекуваа дека трговскиот суфицит ќе се намали на 60,15 милијарди долари од 78,17 милијарди долари во декември.

Кинеската економија порасна за 2,3% минатата година, потпомогната од солидната побарувачка на производи од кинеско производство, како што се медицинска опрема и опрема за работа од дома, иако економскиот раст беше најслаб во последните 44 години.

За оваа година, Кина постави скромна цел за раст од најмалку 6%.