Кои европски земји ќе добијат најмногу пари од Фондот за закрепување “тежок” 750 милијарди евра?

По маратонските петдневни преговoри, европските лидери се договорија за фондот за закрепнување на европските економии тежок 750 милијарди евра. Договорот е  390 милијарди евра од овој пакет да се доделуваат во форма на неповратни грантови, додека останатите средства од 360 милијарди евра ќе се користат како заеми со ниски камати.

Најголем дел од овој пакет или 610 милијарди евра ќе бидат употребени за економска обнова и кохезија.

Најголем пакет од помошта за економско закрепнување ќе добијат Италија, чија економија е најсилно погодена и која ќе имаат најголем економски пад годинава.

Италија ќе добие  околу 28% од вкупниот пакет или 208,8 милијарди евра во следните седум години. Од нив, 81,4 милијарди евра ќе бидат грант, а 127,4 милијарда евра ќе бидат заеми.

Како голем добитник е Полска, која ќе добие 169 милијарди евра, од кои 124 милијарди евра се грантови.

Шпанија ќе добие помош од 140 милијарди евра, од кои половина во форма на грантови, а останатото во форма на заеми. Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Шпанија ќе ги користи средствата за да ги охрабри инвестициите во дигиталната трансформација на нејзината економија, транзицијата во позелени извори на енергија и образованието.

Романија ќе добие 79,9 милијарди евра , кои ќе се користат во најголем дел за реконструкција на инфраструктурата, за изградба и модерницација на болници, училишта и јавни системи, додека Грција ќе добие 72 милијарди евра.

Бугарија ќе добие 29 милијарди евра, од кои 7,7 милијарди евра ќе бидат неповратни средства.
Хрватска ќе добие помош од 22 милијарди евра, кои ќе се употреба за економско задзравување и порамномерен економски развој, додеја Словенија ќе добие 10,5 милијарди евра, од кои 6,6 милијарди евра ќе бидат неповратни.

Како големи добитници се споменуваат и Полска и Унгарија, посебно заради тоа што успеаа да издејствуваат расапределбата на парите да не биде поврзана со почитување на европските вредности и почитувањето на валдеењето на правото.