Најголем раст на Бруто домашниот производ БДП за оваа и следната година на светско ниво ќе има во Источна, Централна и Западна Африка, како и во Јужна и Југо источна Азија. Во истиот период економиите на Европа и САД ќе растат со побавнои стапки.
Ова е заклучокот од прогнозата на Минхенскиот институт за економски истражувања (Ifo).
Економските проценки на германскиот Институт се објавени во извештајот Истражување на економските експерти.
Според извештајот, во 2023 година, БДП на земјите од Источна Африка ќе порасне за 8%, Западна Африка за 5,2%, Централна Африка за 4,7%. Раст од 4,6% до 4,7% се предвидува да имаат и економиите Јужна и Југоисточна Азија.
На подолг рок, до 2026 г., развојот на есономиите на земјите во овие региони е предвидено да биде со стапки од 4% до 8% годишно.
Проценките на еконмските експерти анкетирани од IfО се прилично песимистични за европскиот БДП. Проценките се дека во 2023 година растот на економиите во еврозоната нема да надмине 1%. До 2026 година, растот ќе изнесува 2% до 3% годишно.
Германските економски експерти очекуваат умерен економски раст во Северна Америка во следниот период, односно раст од 1,6% во 2023 година и раст од 2,4% до 2026 година.