Во периодот од 2014 до 2018 година, глобалниот пазар на транспортни услуги растеше со просечна годишна стапка на раст од 2,1%, генерирајќи приходи од 2.057,2 милијарди евра во 2018 година.
Азиско-пацифичкиот пазар на транспортни услуги растеше со просечна годишна стапка од 4,1% во последните пет години , генерирајќи 758,6 милијарди евра во 2018 година, додека американскиот пазар на транспортни услуги во просек растеше со годишна стапка од 3,1% во текот на периодот и во 2018 година генерираше приходи од 360,6 милијарди евра.
Растот на пазарот беше најголем во Азија, при што вредноста и обемот на превезената стока бележи пораст од 22,6% и 7,8% годишно во 2018 година, соодветно.
Најпрофитабилен сегмент на глобалниот пазар на транспортни услуги е патниот транспорт, кој оствари приходи од 1.389,9 милијарди евра во 2018 година, што претставува 67,6% од вкупната пазарна вредност. Сегментот на поморски сообраќај генерираше приходи од 386,8 милијарди евра во 2018 година, или 18,8% од вкупната пазарна вредност.
Аналитичарите предвидуваат дека глобалниот пазар на транспортни услуги ќе расте со просечна годишна стапка од 4,2% во периодот 2019-2023 година, достигнувајќи 2.403,1 милијарди евра во 2023 година.
Азиско-пацифичкиот пазар се очекува да порасне со просечна годишна стапка од 4,7% во однос на следните пет години, достигнувајќи вредност од 906,9 милијарди евра во 2023 година, додека американскиот пазар на транспортни услуги ќе порасне со просечна годишна стапка од 4,3% во текот на предвидуваниот период, достигнувајќи вредност од 424,2 милијарди евра во 2023 година.
Многу инфраструктурни проекти во моментов се одвиваат низ целиот свет, што драматично ќе го подобри капацитетот и ефикасноста на транспортните услуги и ќе го стимулира растот на пазарот во иднина. Технолошките иновации ќе ја подобрат ефикасноста и сигурноста на транспортот, што дополнително ќе го поттикне растот на пазарот на транспортни услуги.
Во патниот транспорт особено, има бројни иновации во последниве години, како што се самоуправувачки возила и електрични возила.
Исто така, воведени се нови технологии и во железничкиот сообраќај за подобрување на безбедноста и ефикасноста, како што се технолгија позитивна контрола на возови, што е напреден систем дизајниран автоматски да го запре возот како заштита од несреќи.