Кои се најголемите извозници на лекови ?

Извозот на лекови во светот во изминатата 2019 година достигна  392,9 милијарди долари. Во споредба со претходната година глобалниот извоз на лекови бележи раст од 3,2%

Гледано по континенти, земјите членки на Европската унија се најголеми извозници итие во 2019 година продале лекови во вкупна вредност од 317,1 милијарди долари или 80,7% од вкупниот извоз на лекови во светот.

Азиските земји се на второ место и на нив отпаѓа 9,5% од вкупниот извоз на лекови во светот во 2019 година, додека 8,3% од светските пратки со лекови потекнуваа од Северна Америка. Помали проценти доаѓаат од добавувачи на лекови од Латинска Америка (0,8%).

Гледано по земји најголем извозник на лекови во светот лани била Германија со продадени лекови во вредност од 56,9 милијарди долари или14,5% од вкупниот извоз на лекови.
Втор најголем светски извозник на лекови и Швајцарија со извезени лекови во вредност од 47,8 милијарди долари или 12,2% од вкупниот извоз, додека на трето место Холандија со извоз вреден 31,1 милијарди долари или учество од 7,9% во вкупно извезените лекови лани.

На листата светски најголеми извозници на лекови на Worldtopexports на 63 место е рангирана и Македонија со извоз на лекови лани од 103,8 милиони долари. Речиси целиот извоз на лекови од Македонија го прави фармацевтската компанија Алкалоид, која минатата година ја заврши со неконсолидиран извоз од 100 милиони долари, додека консолидираните вкупни продажби во странство надминуваат 126 милиони долари.

Од регионов убедливо најголем извозник на лекови е Словенија која лани имала извоз на лекови вреден 5,2 милијарди долари (раст од 53% за една година) со што е 16-ти по големина извозник во светот.
Бугарија е 28-ми по големина извозник во светот со извоз од 1 милијарда долари во 2019 година. Хрватска минатата година имала извоз на лекови вреден 690 милиони долари и е рангирана на 34 место.