Најновите трендови во индустријата за храна кои треба да ги знае секој извозник на храна

Центарот за промоција на увоз од земји во развој – CBI (Centre for the Promotion of Imports from developing countries) за време на најголемиот саем за прехранбена индустрија во светот Anuga имаше презентација во која ги истакна најновите трендови на европскиот пазар за преработки од овошје и зеленчук.

Извозници од повеќе земји во развој имаа шанса да поверат дали нивниот асортиман на производи одговара на најновите трендови и да ги разгледаат неопходните прилагодувања.

Експертите за истражување на пазарот на CBI посочуваат неколку клучни трендови кои влијаат на изборот на потрошувачите во Европа, но повеќето може да се класифицираат во два мега трендови: промена на навиките за јадење и аспектите на одржливост.

Извозниците на храна и прехранбени производи од земјите во развој кои ќе ги разберат овие трендови ќе можат многу подобро да го прилагодат својот асортиман и да ги искосристат можностите што се нудат на европскиот пазар.

Промена на навиките за јадење

 

Европјаните се се позагрижени за тоа што јадат и како ја јадат својата храна. Ова се рефлектира во зголемена свесност кај потрошувачите за храната што ја јадат. Исто така се одразува и во намалена потрошувачка на шеќер, а како и во зголемување на продажбата на природни производи, односно производи без шеќер, конзерванси…

Експертите од CBI во согласност со овие трендови на извозниците од земјите во развој им ги препорачуваат следниве активности:

  • Реформулирање на производите со цел добивање на подобри нутритивнивредности и промовирање на нутритивните придобивки на производите преку Интернет;
  • Користење на замена на шеќер и едукација на потрошувачите за разликите помеѓу природните и додадените шеќери;
  • Нудење на подобро перцепирани методи за обработка, како што се сокови што не добиени од концентрат, пастеризација под висок притисок, ладно цедење, сушење без конзерванси и контролирање на употребата на пестициди.

Алтернативите од зеленчук за потрошувачката на месо и практичноста во јадењето се два други тренда кои ќе стануваат се поголеми.

Експертите од CBI ги охрабруваат извозниците да размислуваат за овие трендови, особено во однос на маркетингот и пакувањето и во таа насока ги даваат следниве препораки:
  • Промовирање на јаткастите плодови како добри извори на протеини, користење на зеленчук и грав како замена за месо и развој на намази од јаткасти плодови.
  • Нудење готова храна или храна што лесно се подготвува, како што се замрзнати мешавини за смути, јаткасти ореви и сушено овошје, здрави ужинки, сушено овошје и плочки за јаткасти плодови, претходно зготвена замрзната храна и слично;

Одржливост

 

Одржливото производство веќе не е само специјализирана ниша на пазарот, туку стандард кога станува збор за извоз и продавање на храна на европските пазари.
Употребата на амбалажа која се рециклира е еден од начините да се издвоите и да бидете забележани.

Примери за нови пакување што може да се рециклираат, чија употреба најверојатно ќе се зголеми во иднина, вклучуваат материјали што содржат полиетен од шеќерна трска што може да се рециклираат во нова пластика; користење на дрвна пулпа и пченка за биоразградлива амбалажа; воведување иновативна биопластика, на пример, базирани на скроб; и употреба на целосно рециклирачки шишиња.

Европските потрошувачи стануваат се повеќе свесни за одржливоста и соодветно на тоа ги прават и своите набавки и купувања на храна. Овој развој влијае на целиот ланец на снабдување.

Врз основа на Индексот за одржлива конкурентност, Европа е најоддржливиот континент во светот. Од првите дваесет нации рангирани според одржливата конкурентност, само три не се европски.

Втор начин по кој извозниците на храна на европските пазари можат да се разликуваат од нивните конкуренти е да се приклучат кон иницијативи за одржливо производство.

Како добри иницијативи се посочуваат Тhe Sustainable Juice Covenant и  Тhe Sustainable Nut Initiative, кои се понови иницијативи за индустријата за храна.

Три други трендови на кои треба да се внимава се: интересот на потрошувачите за етичкото потекло, силен раст на органски производи и производи без пестициди и пораст на нови дестинации од земјите во развој како извори на снабдување.

Активностите кои експертите од CBI им ги препорачуваат на извозниците на храна за да се усогласат со овие трендови можат да се резимираат како:

  • Потребата да се добие сертификација и да се започне со спроведување на признат систем за потекло, како што се FairTrade, BSCI или SMETA;
  • Користење ги најновите земјоделски достигнувања за третирање на овошјето и зеленчукот со ограничена употреба на хемикалии
  • Нудење на европските купувачи можност за вертикална интеграција и долгорочна соработка за снабдување.