Во услови кога побарувачката за стоки вртоглаво се зголемува по отворањето на економиите, ставајќи ги глобалните синџири за снабдување под силен притисок, бродскиот сектор заработува најмногу од 2008 година, пишува Blooombrg.
Транспортот на челична кутија од Кина до Европа, долга 40 стапк, чини 14.287 долари, што е повеќе од 500% во споредба со претходната година.
Со оглед на фактот што околу 80% од светската трговија се реализира преку бродски поморски транспорт, побарувачката за транспорт бележи раст на светск ниво.
Бумот во 2008 година донесе огромен бран на нови нарачки на бродови, но следеше пад на побарувачката кога финансиската криза ја предизвика најдлабоката глобална рецесија во последните децении.
Има две причини за овој бум во поморскиот транспорт.
Првата е што економското повторно отворање по Ковид-19 поттикна зголемена побарувачка за стоки и суровини. Во исто време, имаше големи нарушувања предизвикани од вирусот во други делови на светот што ги погодија глобалните синџири на снабдување.
Најголемото зголемување на цената има кај испораката на контејнери – каде што стапките постојано остваруваат нови рекорди.
Според податоците, сега чини 14.287 долари за да се пренесе контејнер од Кина до Европа, долг 40 стапки. Тоа е за повеќе од 500% во споредба со една година порано.
Според анализата на Bloomberg, овие неверојатни цени на контејнерски транспорт веќе се прикажани во големите заработки на компаниите во оваа индустрија. Најголемиот светски поморски транспортер, данската А.P. Moller-Maersk минатиот месец ја зголеми проценката за заработка за годинава на 5 милијарди долари. Приходите на А.P. Moller-Maersk во вториот квартал се зголемила 58% на 14,2 милијарди долари, а заработката пред камати и даноци (EBIT) пораснала за пет пати, на 4,1 милијарди долари.
Вонредните финансиски резултати на Maersk се повторуваат низ целата индустријата. Ако цените останат високи, контајнерските компании би можеле заедно да остварат 100 милијарди американски долари оперативен приход во 2021 година, според Drewry Maritime Research. Тоа е повеќе од 15 пати повеќе од профитот што го остварија во 2019 година и скоро колку што остварува Apple Inc. во една типична година.
Германскиот Hapag-Lloyd AG заработил повеќе во последните шест месеци отколку во претходните десет години заедно.
CMA CGM, третиот најголем светски превозник неодамна изјави дека ги замрзнува своите цени за да ги зачува долгорочните односи со клиентите.