Комфи Ангел почна со производство на заштитни маски од сопствено производство

Компанијата Комфи Ангел од Прилеп започна со производство на заштитни маски за лице, од сопствено производство, согласно инвестицијата во две нови машини, од кои една, од денеска, е веќе ставена во функција.

Секоја од машините е со капацитет на производство од 40 000 маски дневно со работа во две смени. Со пуштање и на втората машина производството ќе се дуплира на 80 000 парчина дневно.
Маските се за еднократна употреба, но можно е да се користат и повеќе пати доколку истите се перат. Како што наведуваат од компанијата Комфи Ангел, маските штитат од прашина, директни допири на устата и носот, а овозможуваат заштита при кивање и кашлање.

Истовремено се работи на сертификација на овој производ, за што е обезбеден и сертификат на материјалот кој ќе се користи за изработка на маските од страна на добавувачот.
Паралелно компанијата произведува и друга дополнителна заштитна опрема, како  заштитни капи, заштитни одела (едноделни и дводелни) и заштитници за обувки.

Компанијата Комфи Ангел е текстилна фабрика од Прилеп која произвеува главно јастуци, јоргани и други постелнини, намененти главно за извоз.