Компанијата Vittoria Fruit е еден од најголемите производители и извозници на трпезно грозје во земјава. Произведува околу 2.500 тони грозје годишно и извезува на голем број пазари низ Европа и светот.
Благодарение на поддршката од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост И.М.Е, Vittoria Fruit воведе производство под најлонска покривка која по употреба може да се рециклира.
„Vittoria Fruit е првата фирма во Македонија што имплементира ваков вид покривање на парцелите лозови насади со најлон. Покривањето носи повеќе придобивки: пораното зреењето на грозјето ќе значи и зголемување на сезоната на берба, а со тоа, пазарната присутност на нашето грозје на европските пазари ќе биде поголема и на рамниште со други производители од Италија, Шпанија и Грција. Исто така, подранетиот старт на сезоната на берба ќе донесе и нови вработувања во нашата компанија“, Иван Шуклев, комерцијален директор на Vittoria Fruit
Производството под покривка го зголемува и квалитетот на грозјето поради можноста за поголема контрола на шеќерите, заштита од флеки од сонце и подобар изглед на зрното.
Vittoria Fruit се надеваат дека со нивната успешна приказна ќе инспирираат и други производители на грозје во Македонија да имплементираат ваква пракса.