Коронавирусот ќе има големо влијание и врз туристичката индустрија

Кина е најголем светски туристичкипазар, кој нагло се зголемува од 4,5 милиони на 150 милиони туристи од почетокот на милениумот до 2018 година.
Оваа бројка се очекува да се зголеми скоро двојно во 2020 година, бидејќи бројот на Кинези со пасоши се зголемува од сегашните 10% на очекуваните 20% од населението.

Кина е исто така најголемиот туристички потрошувач во светот со вкупно 277 милијарди, или 16% од вкупната светска потрошувачка за туризам.

Во четвртокот минатата недела, Светската здравствена организација го прогласи коронавирусот за глобална закана за здравјето. Стејт департментот ги советуваше своите граѓани да не патуваат во Кина, а истото го сторија и Велика Британија, Канада и други поголеми држави. Авиокомпаниите United, American, Delta, British Airways, KLM, Air Canada и Lufthansa, ги суспендираа летовите кон многу кинески градови, додека други компании, како Cathay Pacific, го намалија бројот на летови.

Иако сè уште е рано да се согледаат економските штети, глобалното влијание врз туристичката индустрија во голема мерка ќе зависи од тоа колку време е потребно за да се стави вирусот под контрола.

За споредба, епидемијата на САРС ја чинеше глобалната економија помеѓу 30 и 50 милијарди американски долари, а на Кина и беа потребни 16 месеци да се врати на нивото пред кризата. Но, откако заврши кризата со Сарсот, показателите во турзимот се зголемија двојно или тројно.