Корона вирусот го сопре производството на Fiat во Србија: Недостасуваат делови од Кина

Производствените и монтажните траки во фабриката на Fiat во Крагуевац вчера биле затворени и нема да бидат во функција до следниот вторник, можеби и подолго.  Затворањето е поради недостаток на делови за вградување кои доаѓаат од Кина која е погодена од коронарниот вирус, пишува српскиот весник Денес.

Заради зголемениот недостиг на делови, неизвесно е дали лентите ќе бидат рестартираат и следниот вторник.

Менаџментот  на компанијата стравува дека доколку ситуацијата со корона вирусот не се смири до крајот на следната недела, производството на моделот 500L би можело да се прекине на пoдолг рок.

Според пишувањата на српскиот весник во фабриката на Fiat му недостасуваат ЦД-плеери, кои се инсталираат во секој новоизработен автомобил, потоа компоненти за браници, позиции за инструмент табли кои се прават во српската фабрика Адиент што Кинезите ја купија од Џонсон Контролс и некои други делови…

Вчера и претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Стопанската комора на Македонија и директор на компаниајта за автомобилски делови Виктор Мизо предупреди дека ако кризата со корона вирусот потрае и ако фабриките во Кина останат затворени тоа би можело да влијае и врз производството на фабриките за авто делови во Македонија.