Корона вирусот го стопираше производството на автомобили и во словенечки Ревоз

Ревоз, словенечката подружница на францускиот производител на автомобили Рено, привремено го прекина производството заради нередовното снабдување со делови од автомобили, објави словенечката агенција STA.

Производителот на автомобили има проблеми со снабдување со мотори и преносни апарати од фабрика во Турција. Проблемите се поврзани со производствениот капацитет на оваа фабрика и подолгото време на испорака за испорака на одделни делови, што е делумно поврзано со коронавирусот, објаснуваат од Ревоз.
Заради корона вирусот многу фабрики во Кина се затворени предизвикувајќи големи нарушувања во снабдувањето со делови за автомобилски делови, кои во најголем дел се произведуваат во Кина.

STA исто така објави дека Рено го избра Ревоз за производство на електричната верзија на Твинго.
За таа цел во Ново Место ќе биде поставена постројка за монтажа на акумулатри, а првите произведени возила од оваа фабрика ќе се најдат во продажба до крајот на оваа година.
„Ќе поставиме и нов објект за склопување на батерии за оваа намена. Тоа е помала фабрика која ќе биде дел од тековната фабрика, каде инсталацијата на батерии ќе се одвива под специфични услови “, објаснуваат Ревоз.

Ревоз веќе неколку години ги произведуваат електрични автомобили поточно моделот Smart, но нивните акумулатори им беа доставувани од надворешен снабдувач. Покрај Smart, во Ревоз се произведуваат и вообичаените модели Twingо и петтата генерација модели на Clio.