Корона кризата предизвика милиларди евра загуби во автомобилската индустрија низ целиот свет. Но, најтешкото се чини дека допрва доаѓа, со оглед на проценките на експертите дека заради големиот пад на приходите и профитот, ќе следи брутална селекција на пазарот.
Продажбата на автомобили опаѓа, а автомобилската индустрија во целиот свет се соочува со намалени приходи.
Заради тоа многу компании се соочуваат со закани затворањето на погони и загуби на работни места.
Коронската криза предизвика милијарди евра загуби во автомобилската индустрија низ целиот.
Според анализата на консултантската фирма EY, оперативните загуби на 17-те најголеми автомобилски компании во вториот квартал изнесуваат скоро 11 милијарди евра, што е големо влошување на работењето по профитот од околу 22 милијарди евра остварен во вториот квартал од претходната 2019 година.
Tesla е најпрофитабилна автомобилска компанија
Само шест производители не се во минус. Американската автомобилска компанија Тесла е единствена компанија која рабтела подобро во периодот од април до јуни отколку во истиот период претходната година, заради што, според EY, скокна директно на врвот на листата на најпрофитабилни автомобилски компании.
Ниту еден производител на автомобили, според студијата, не можел да избегне пад на приходите во вториот квартал.
Комбинираната заработка изнесува нешто помалку од 177 милијарди евра, што е пад за 41% во споредба со вториот квартал на 2019 година.
Но, ова значително варираше од компанија до компанија.
Приходите на Тесла паднаа за 5%, додека јапонскиот Митсубиши забележа пад на приходите од 57%.
Германските авто гиганти, Фолксваген, Дајмлер и БМВ, се рангирани на средина, со пад на приходи за 37%, 29% и 22%, соодветно.
„Никогаш не сме виделе таков пад на приходите, профитот и продажбата“, вели Константин М. Гал, раководител на одделот за автомобилска индустрија и транспорт во филијалата на EY за Германија, Австрија и Швајцарија.
„Пандемијата во еден момент речиси ја доведе глобалната автомобилска индустрија во ќорсокак – носејќи со себе катастрофални последици по продажбата и профитот“, додаде тој.
Кина станува најважен пазар за германската авто индустрија
Во однос на продажбата, Кина се покажа како најважниот столб за германските производители на автомобили во вториот квартал.
“Сите три германски автомобилски компании беа во можност да растат во Кина во вториот квартал, додека продажбата во другите региони масовно падна. Уделот на Кина во глобалната продажба на германските производители на автомобили се искачи од 33% на 51%”, се вели во извештајот на EY.
Иако третиот квартал ќе биде значително подобар од вториот, експертите nа EY не очекуваат бројките за продажба да се вратат на нивото пред кризата пред 2022 година. Нема како да се заобиколат затворањето на погоните и загубите на работни места.
„Големото будење најверојатно нема да дојде до следната година“, рече експертот за автомобили на EY, Питер Фуш. „Тогаш ќе има брутална селекција”.