Во последната деценија на 20 век, Кина не беше ниту меѓу 10-те најголеми производители на автомобили во светот, таа беше на 14-то место. Во првата декада по 2000 година, Кина се искачи на врвот. Денес, Кина доминира со годишно производство од приближно 21,4 милиони возила, додека Јапонија, втора по големина, произведува 8,3 милиони автомобили годишно.
Во текот на последните 20 години, Германија беше единствената држава која постојано на табелата го држеше третото место со произведени околу 4,7 милиони патнички автомобили.
Во 2019 година, германската компанија Volkswagen учествувала со 39% во вкупната продажба на патнички автомобили во Кина. Daimler AG и групацијата BMW Group, како и други од целиот свет, исто така, сè повеќе ја насочуваат својата продажба кон Кина, која со големиот пораст на животниот стандард на населението стана Елдорадо за големите производители на автомобили.
Фабриките во Европа полека заостануваат, а како што се развива технологијата, така се развива и знаењето, кинеските фабрики денес се повеќе се автоматизираат и роботизираат. Американската компанија Tesla одлично го користи ова за своите електрични возила, но и германските производители влегуваат во заеднички вложувања со кинески компании.
На пример, следните верзии на нивната серија Mini и Smart со електричен погон се градат во Кина заедно со локалните партнери. Оттаму потоа се извезуваат низ целиот свет.