Светска Банка го одобри заемот за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија.
Проектот е наменет за изградба на два Oткупно-дистрибутивни центри во Ресен и Струмица, кои ќе ги опфатат преспанскиот и струмичкиот регион и сеопфатна Земјоделска платформа во Скопје, која ги опфаќа полошкиот и кумановскиот регион.
Исто така, дел од средставата се наменети за таргетирани експертски советодавни услуги и изградба на современа фабрика за отстранување на нус производи од животинско потекло.
Со имплементацијата на сите компоненти од овој проект, најголема придобивка ќе имаат земјоделците, но и преработувачите, малопродажните ланци, пазарите, потрошувачите, општините и целокупната домашна економија.
Конечно остваруваме нешто што одамна му беше потребно на нашето земјоделство, а истовремено ги исполнуваме европските барања за модернизација и развој на земјоделскиот сектор, во хармонизација со ЕУ легислативата и стандардите за квалитет.
Во медиа центарот на Влада на Република Северна Македонија, Министерот Хоџа заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска одржаа прес – конференција, а преку видео врска се вклучи и директорот на Светска Банка за Македонија, Масимилијано Паолучи.