Повеќе од една година од почетокот на пандемијата со Ковид 19 производството на автомобилската индустрија повторно е доведено во ризик со големи пореметувања рекини во синџирите на снабдување со автомобилски компоненти.
Чиповите кои се користат во електрониката на автомобилите, веќе тешко се набавуваат, бидејќи компаниите кои се занимаваат со производство на полупроводници, го прераспредуваат својот производствен капацитет, за да одговорат на растечката побарувачка во сектора на потрошувачка електроника, пишува Bloomberg.
Постојниот недостиг изгледа ќе продолжи бидејќи бројните блокади и ограничувања на патувањата ги принудуваат потрошувачите да се фокусират на паметните телефони, конзоли за игри, телевизори и лаптопи.
Поради овие причини производителите на чипове се повеќе го насочуваат вниманието кон компаниите за потрошувачка електроника, заради што автомобилските гиганти како Toyota Motor и Volkswagen ризикуваат да се соочат со продолжен недостиг на компоненти, кои им се неопхподни во веќе започнатиот процес на електрификација.
Недостигот на полупроводници може да продолжи до крајот на првата половина на годината,прогнозираше IHS Market уште на 23 декември 2020 година.
Производителите на чипови ги претпочитаат клиентите од секторот на потрошувачка електроника, кои имаа поголеми нарачки со годишен пазар на паметни телефони од над 1 милијарда долари во споредба со помалку од 100 милиони произведени автомобили глобално.
Производството на автомобили исто така е бизнис со помала маржа, што ги принудува компаниите од сектора да не можат да наддаваат за цените на чиповите за да не ја загрозат рентабилноста.
Од друга страна производството на новите 5G уреди бараат дури 40% повеќе полупроводници во споредба со постарите 4G верзии.
Тајванскиот концерн Taiwan Semiconductor Manufacturing Co. забележа рекордни приходи во през четвртото тримесечие од 2020 година заради новите модели iPhone, които користат 5G мрежа.
Недостигот на автомобилски чипови иста така произлегува и од преконзервативните проценки за потрошувачката на атомобили. АВто индустријата беше меѓу најпогодените индустрии од мерките за борба против Ковид 19, но побарувачката за автомобили се врати побрзо заради големите стимули на државите за купување на електрични автомобили.