Неколку големи модни трговци во Германија банкротираа годинава, а проценките се дека тој бран може да се зголеми во следниот период, откако од октомври компаниите повторно ќе треба да аплицираат за несолвентност, што беше привремено стопирано претходните неколку месеци.
Индустријата за облека доживува историски пад на продажбата, чиј крај се чини не се гледа. Меѓутоа, некои компании имаат корист и од корона кризата.
Галеријата Karstadt, Kaufhof, Esprit, Hallhuber или Bonitа…долг е списокот на трговци со модни трговци кои годинава не успеаја и минуваат низ процедури за несолвентност, објави n-tv.
Пандемијата со корона вирусот ја погоди индустријата која веќе ги чувствуваше последиците од растот на малопродажбата на Интернет.
Компанијата за осигурување кредити Euler Hermes очекува натамошни банкроти во наредните месеци.
Пред сè, сезоната на со мал промет од јануари до март ќе биде тест за некои компании, изјави германскиот шеф на осигурителната компанија Рон ван хет Хоф.
Бидејќи короната и делумното заклучување наметнато во ноември резултираат со празни градски центри за време на важниот Божиќен период.
Затворањето на пабови, ресторани, кина, театри и фитнес студија на почетокот на ноември предизвика уште поголем пад на бројот на посетители.
Во првите денови на построгите правила заради короната, продавниците забележаа пад на продажбата до 80%, објави претседателот на Здружението за трговија со текстил (BTE), Штефен Јост.
Дополнителна неповолност за индустријата е што големиот ден на попустот, Црниот петок, 27 ноември, најверојатно ќе се падне во период на делумно заклучување.
Македонската текстилна индустрија извезува во Германија
Германија е важен пазар кога станува збор за македонската текстилна индустрија и производителите на облека, со оглед на фатот што најголем дел од лон нарачките кои ги добива се токму од германските модни трговци со облека.
Текстилците традиционално најмногу извезуваат во земјите на ЕУ, каде оди повеќе од 80 % од вкупниот извоз на текстилни производи, па заради тоа ефектите од кризата и големите затворања се почувствува силно во нашиот текстилен сектор преку пад на нарачките.
Најголем партнер во извозот е Германија со 49%, а следуваат Грција, Холандија, додека кожарската индустрија е посилно поврзана со Италија.
Вкупниот извоз на текстилната индустрија (облека, обувки и кожа) лани изнесувал 543 милиони евра што е 8,5% учество во вкупниот извоз на државата, но воедно и намалување од 6,5 % во однос на извозот во текстилната индустрија во 2018 година кога вредноста била 581 милион евра или 38 милиони помалку.
Длабоки структурни проблеми
Кризата силно ја погодува и и онака ослабената индустрија. Во првите девет месеци од оваа година, Еулер Хермес веќе забележа осум банкроти во модната малопродажба. Во споредба со претходната година, ова е зголемување за околу 166%, истакнуваат од Еuler Hermes.
Индустријата со години се бори со длабоки структурни промени, како зголемување на дисконтите за текстил како Примарк и големиот пораст на малопродажбата со текстил преку Интернет. Многу класични текстилни компании веќе имаа проблеми пред пандемијата.
Еuler Hermes проценува дека трговците на мало со текстил годинава поради пандемија ќе изгубат од продажбата околу 12 милијарди евра, што е речиси петтина од годишната продажба.
Според BTE, ова ќе биде историски уникатен пад. Корона кризата делуваше како катализатор и немилосрдно ги разоткри силните и слабите страни на одделните компании.
Малопродажбата преку Интернет беше главниот победник во кризата. А нејзините изгледи се добри и за 2021 година, според Euler Hermes.
Потпирањето на Интернет во моментов е особено важно за малопродажбата.
“Оние кои добро се подготвија и инвестираа во структурни промени пред пандемијата, може да имаат корист од бум на Интернет во ерата на Ковид”, нагласи експертот за индустрија.
Во меѓувреме, трговците бараат начини за максимално искористување на тешката состојба.
Фактот дека одговорите на предизвиците на пандемијата се многу различни веројатно само покажува колку предизвиците се без преседан.