Македонија минатата 2023 година ја заврши со извоз на зелка од  32,6 милиони долари, што е зголемување од 21% во споредба со претходната 2022 година. Извезени биле близу 65.500 тони зелка, а извезените количини бележат раст од 8%.

Според вредноста на извезената количина на зелка Македонија лани била 15-ти најголем извозник на зелка во светот, покажува анализата на податоците од Trademap, додека според извезените количини земјата е 13-ти најголем извозник на зелка во светот. Во трговијата со зелка со светот Македонија лани имала нето извоз од 32,4 милиони долари, според што е 7 земја во светот со најголем трговски суфицит во трговијата со зелка со светот.

Македонската зелка лани се продавала на 23 пазари, а на 10 пазари имало извоз поголем од 1 милион евра. Најголеми извозни пазари за македонската зелка лани биле Полска и Украина каде лани била продадена зелка во вредност од 7,5 милиони долари, односно 7,3 милиони долари. Трет најголем извозен пазар била Романија со извоз од 2,9 милиони долари. Следат Србија со извоз од 2,4 милиони долари, Литванија (1,6 милиони долари), Молдова (1,4 милиони долари), Хрватска (1,36 милиони долари) и Бугарија со извоз од 1,2 милиони долари.

Македонија е најголем извозник на зелка во регионот

Анализата на податоците од Trademap покажува дека Македонија е најголем извозник на зелка од регионот. Втор најголем извозник на зелка после Македонија е Албанија со извоз од 11,2 милиони долари во 2023 година. Следат Грција со извоз од 2,8 милиони евра, Србија со извоз од 2 милиони евра и Бугарија со извоз од 1,6 милиони евра.

Извозот на зелка зголемен 3 пати во последните 12 години

Извозот на зелка бележи постојан раст во последната декада. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека количинскиот извоз на зелка во 2023 година бил за 31% поголем во споредба со 2012 година. Вредносно извозот на зелка е зголемен за три пати во спо споредба со 2021 година кога од ивзоз на зелка биле оостварени приходи од 11 милиони долари.