Македонија има 5 фирми кои се скриени шампиони, две од нив се производители на ајвар

0
1037

Истражување на австриското Меѓународно здружение за развој на менаџментот (CEEMAN) и Бледската школа за менаџмент (IECD) покажа дека Македонија има пет скриени шампиони. Македонските компании Адинг, Бал-Комерц, Бовин Винарија, Випро и Вори Јорданка се петте идентификувани скриени шампиони во земјава. Четири од нив се во секторот индустрија, а една компанија Бал-Комерц е во секторот Транспорт и складирање.

Компанијата Адинг од Скопје е посочена како водечки производител на хемиски материјали за градежништво војугоисточна Европа.
Компанијата Бал Комерц е посоченa како водечка компанија за товарен транспорт во земјава, но и на пазарите на Косово и Албанија.
Винаријата Бовин вториот скриен македонски шампион, која во Истражувањето е посочена како една од најдобрите производители на вино во Западен Балкан, прва приватна винарница во земјава, која е еден од зачетниците на трендот на извоз на флаширано вино и развој на винската култура.
Прехранбената компанија Випро од Гевгелија е посочен како лидер во продажбата на конзервни преработки на овошје и зеленчук во земјава, но и во Косово, Црна Гора, САД и Канада. Во 1997 година прва започнала со производство на ајварот и проценките во ова Истражување се дека е втор најголем производител на ајвар во светот.
Петтиот скриен шампион е компанијата Вори Јорданка од Гевгелија е исто така посочена како лидер на неколку пазари во производство и извоз на ајвар.

Скриени шампиони се успешни иновативни мали и средни претпријатија кои имаат регионална насоченост и кои се лидери на еден или два пазари во одредена област. Нивните приходите не надминуваат 1 милијарда долари, не се многу познати или воопшто не се познати, вообичаено работат на B2B (business to business market) и се докажани како многу поотпорни во случаи на пазарни нарушувања. Стапките на преживување на скриените шампиони се значително повисоки од просекот на секторот, а тие имаат тенденција да бидат многу конкурентни на соодветните пазари, забележуваат постојан раст во изминатите десетина години можат да се пофалат со натпросечни стапки на иновации.

Полска е лидер со најмногу скриени шампиони

Покрај петте македонски скриени шампиони, Истражувањето идентификува 105 скриени шампиони и 45 потенцијални скриени шампиони во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа.
Најмногу скриени шампиони има во Полска (11), следат Белорусија, Србија и Словенија со по 10 скриени шампиони. Најголем број на потенцијални скриени шампиони има во Албанија (4), Естонија (4) и Молдова (4). Најголем број од скриените шампиони или 26 од вкупно 105 се во секторот Индустрија, девет од нив се во секторот Информации и комуникации, три се во секторот Научни и технички активности, и по една компанија има од секторот Земјоделие и Финансиски и осигурителни активности.

Заеднички карактеристики на скриените шампиони

Како клучни и најважни фактори за успех скриените шампиони од централна, источна и југоисточна Европа ги наведуваат имањето на пазарна ниша, постојаното подобрување, диверзификацијата, клиентите, претприемачкиот мајндсет и вработените. Во Истражувањето исто така се анализирани и заедничките карактеристики на скриените шампиони во поглед на нивните бизнис модели, организациска култура и вредности. Некои нивните заеднички карактеристики сe што овие компании дејствуваат глобално, а имаат влијание локално во своите заедници, ориентирани се кон извоз и се лидери во одредена пазарна ниша во соседните земји или на други регионални пазари, силно се носочени и одржуваат добри релации со клиентите и добавувачите, имаат добро формулирани производи и услуги за да ги задоволат потребите на клиентите, иммат висок калитет на нивните производи и услуги и постојано ги подобруваат нивните процеси, тие се најчесто брзи и фкелсибилни и имаат претприемачки начин на размислување  и веруваат дека нивните вработени се нивна најголема предност.