Минатата година Србија привлекла 3,44 милијарди долари странски инвестиции, што е повеќе од половина од инвестициите во Југоисточна Европа кои изнесувал вкупно 6,11 милијарди долари, покажува најновиот извештај на УНКТАД.
Во македонската економија лани влегле најмалку инвестиции споредено со целиот рефион или само 274 милиони долари.

Србија го зазема третото месо меѓу економиите во транзиција според приливот на странски инвестиции, а пред неа се само Русија со странски инвестиции од 9,7 милијарди долари и Казахсатн со привлечени 3,9 милијарди долари во 2020 година.

Од регионот, најмногу странски инвестиции после Србија минатата година привлекла Хрватска – 1,3 милијарди долари, следи Албанија со 1,1 милијарда долари и Црна Гора со 529 милиони долари.

Вкупните странски инвестиции во земјите во транзиција лани изнесувале само 24,16 милијарди долари.

Глобалните текови на странски инвестиции минатата година имаа пад од 35%, намалувајќи се на 998,9 милијарди долари од како последица нa глобалната пандемија со Ковид 19 и затворањата ширум целиот свет.

Вложувањата во развиените економии се повеќе од преполовени, со пад од 58% и достигнувајќи 312 милијарди долари.

Најголем пад на странските директни инвестиции од дури 80% има ЕУ, САД има пад од 40%, додека инвестициите во Азија лани биле намалени само за 4%.

Од УНКТАД очекуваат странските директни инвестиции да се опорават во 2021 година со раст од 10% до 15%, што сепак ќе ги остави странските директни инвестиции околу 25% под нивото од 2019 година. Тековните предвидувања покажуваат натамошно зголемување во 2022 година, кога се очекуваат да се вратат на нивото од 2019 година.

Но, изгледите се многу неизвесни и ќе зависат, меѓу другите фактори, од темпото на закрепнување на економијата и можноста за пандемски релапси, потенцијалното влијание на пакетите за финансиска поддршка врз СДИ и политичките притисоци.