Кина не е само земја во светот која произведува најмногу мед, туку води и во приходите по глава на жител генерирани со еден од најстарите и најкористени засладувачи во природата.
Според пресметките засновани на Statista Market Insights и податоците за населението на Светската банка, кинеската индустрија за мед заработила 17 долари по жител на земјата во 2021 година.
Втора е Канада која обезбедува 9,8 долари од индустријата за мед, а Македонија е на трето место со приходи од 9,4 долари по жител од производството на мед.
Како што покажува графиконот на Statista, Индонезија и Виетнам се на шестото и седмото место со приход по глава на жител од 6,5 и 6,0 долари, соодветно. Ова ја одразува важноста на азиските пазари за глобалното производство на мед. Во 2021 година, речиси половина од светскиот мед излезе од земјите од овој географски регион. Други важни пазари за мед вклучуваат Канада, Северна Македонија и Швајцарија.
Гледајќи ја вкупната пазарна вредност на засладувачите ширум светот, медот има удел од 28% од вкупниот глобален приход од 145 милијарди долари. Додека вештачките засладувачи како сахарин или стевиа придонесуваат со 21,7 милијарди долари, шеќерот е одговорен за 82,3 милијарди долари.