Македонската Пошта работи со години со загуба, словенечката инвестира 195 милиони евра во ширење во регионот

По преземањето на логистичката компанија Intereuropa, државниот поштенски оператор Пошта Словенија планира дополнително да се прошири на пазарите во Југоисточна Европа за што панира да инвестира 195 милиони евра во следните шест години.

Ова е дел од петгодишната развојна програма на словенечката Пошта која годинава планира да оствари 457 милиони евра,  а која се темели на забрзан раст на глобалната е-трговија, технолошкиот напредок, променетите навики и очекувањата на корисниците и либерализацијата на пазарот на поштенски услуги, што става акцент на современите технологии, дигитализацијата, автоматизацијата и е-трговијата.

Колку за споредба Македонска Пошта, која исто така е државна компанија со монополска конкуренција на пазарот која со години наназад работи со загуби. Во 2018 година македонската Пошта остварила вкупни приходи од околу 19,3 милиони евра и загуба од 2,3 милиони евра.

Борис Новак, претседател на државната поштенска компанија потенцира дека Пошта словенија ќе ги насочи своите логистички услуги на пазарите во Југоисточна Европа, што се очекува да резултира во натамошен раст на целата групација.

Една од клучните точки на развојната програма, за која се очекува да обезбеди избалансиран раст и профитабилност во текот на следните шест години, е дополнително шири во Југоисточна Европа, што е овозможено со ланското преземање на логистичката компанија Intereuropa, која е присутна во логистичкиот бизнис и во Македонија и во другите земји од регионот.

Планот предвидува вкупно 195 милиони евра инвестиции до 2025 година, а најголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за автоматизација и дигитализација во логистичките центри и во транспортот, како и за проширување на капацитетите.
Исто така, планирани се инвестиции во енергетска ефикасност и одржлив развој, како во поглед на возниот парк, така во поглед на енергетската ефикасност на мрежата и зградите.

Пошта Словенија има за цел да стане водечки играч на пазарот на доставување на пратки и планира дури половина од своите приходи да ги обезбеди од логистички услуги и доставување на пратки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
>> ГРУБИ ЗА ТВ 24: СЛОВЕНЦИТЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МАКЕДОНСКА ПОШТА <<