Kој ги купува македонските брендови во регионов? Кому му се привлечни? Дали потрошувачите на македонските брендови во Србија се различни по животен стил од оние во Словенија? Дали купувачот од Хрватска е на иста возраст со тој во Босна и Херцеговина? Дали споделуваат исти вредности?

Ова се некои од прашањата на кои одговори дава истражувањето на Ипсос спроведнео во неколку земји во регионот. Според анализата објавена во специјализираното списание InStore, месечниот магазин за трговија со стока за широка потрошувачка, анализата е спроведена од користејќи ја алатката Brand Puls се испитуваат потрошувачките демографски профили, психолошките сегменти и потрошувачките навики на лицата кои ги купуваат македонските брендови во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Косово.

На листата најкупувани во регионот се производите на  “Алкалоид“, „Витаминка“, „Европа“, „Макпрогрес“, „Битолска млекара“, „Здравје Радово“, „Евро млекара“, „Идеал Шипка“, „Мамасфуд“, „Виталиа“ и „Цермат“, Вивакс“, „Дием“, „Бонум“

Косово – нашиот прв сосед

Листата со наши брендови што се застапени во BrandPuls Косово не е мала. Доминираат производителите од млечната индустрија, а потоа следуваат производителите на кондиторски производи. Би ги издвоил, но листата не е ограничена само на: „Алкалоид“, „Витаминка“, „Европа“, „Макпрогрес“ и неколку производители на млеко и млечни производи: „Битолска млекара“, „Здравје Радово“, „Евро млекара“, „Идеал Шипка“.

Податоците укажуваат дека околу 71% од потрошувачите на возраст од 15 до 64 години во Косово, во својот репертоар на брендови од која било категорија на производи за широка потрошувачка, користат барем еден наш бренд.

Вака големото преклопување на нашите во Косово во споредба со општата популација на потрошувачи укажува дека во поглед на основните демографски профили и не треба да се очекуваат статистички значајни разлики.

Алатките што ги нуди BrandPuls покажуваат на нијансите и спецификите според кои купувачот на наш бренд се разликува. Табелите со изјавите што во BrandPuls се користат за психометриско профилирање се претставени само делумно, т.е. прикажани се само оние изјави за кои имаме статистички значајни отстапувања меѓу купувачот на нашиот бренд и општата потрошувачка популација во Косово (графикон 1).

Во однос на сегментацијата која е инхерентен дел од BrandPuls, нашиот купувач во Косово статистички не отстапува од целната потрошувачка популација. Освен во две карактеристики (табела 1).

И уште еднаш да ги прашаме компаниите подготвени да заминат во Косово: Знаеме ли кај кого одиме? Знаеме ли како да се обратиме? Знаеме ли кои вредности да ги презентираме како заеднички, кои се работите што ги сплотуваат (купувачите и брендовите)?

Србија – Отпишаните и другите мангупи

Податоците од BrandPuls укажуваат дека нашите таму се натпреваруваат во навистина ограничен број, но и од потрошувачки аспект мали, категории: аналгетици и средства против грип и настинка, прашести инстант напивки, ајвар, чипс, овесни каши, замрзнат зеленчук, супи во кесичка, житарки и мешавини на зачини. Се разбира, и виното. Во BrandPuls, нашите се во состав: „Алкалоид“, „Витаминка“, „Тиквеш“, „Мамасфуд“, „Виталиа“ и „Цермат“.

35% од потрошувачите во Србија се наши – користат барем еден наш бренд од која било категорија. Демографските податоци укажуваат дека нашите во Србија малку повеќе живеат по градовите.

Во графикон 2 може да се видат ставовите што ги имаат купувачите на нашите брендови.

BrandPuls сегментите ни го посочуваат профилот на купувачи во Србија, даден во табела 2.

Босна и Херцеговина – севда, љубов ли беше или Севда љубовта ми беше?

Нашата екипа отидена во Босна и Херцеговина е составена од „Алкалоид“, „Витаминка“, „Вивакс“, „Дием“, „Бонум“, „Мамасфуд“. Најмногу претставници имаме во категоријата ајвар, а индивидуални учества во категориите чај, ладен чај, овошни сокови, овошни намази, кечап, супи во кесичка. Ако ги земеме предвид категориите во кои сме присутни, дали можеби веќе имаме некакви очекувања и претпоставки за профилот на нашиот купувач?

Според податоците, 50% од потрошувачката популација на Босна и Херцеговина на возраст од 15 до 64 години во својот репертоар на брендови од која било категорија на производи за широка потрошувачка користи барем еден наш бренд.

Графиконот 3 ни дава сликовен приказ во ставовите во кои нашиот купувач во БиХ се разликува од тамошниот пазар (т.е. ставот е покарактеристичен за нашиот купувач отколку за целната популација):

Во однос на специфичните BrandPuls сегменти, нашиот купувач статистички отстапува од  опфатената целна потрошувачка популација во неколку сегменти.
Се чини нашите во БиХ се потрошувачи кои производот го купуваат поради неговите карактеристики и кои во однос на другите малку повеќе сакаат смирен животен стил, и слободното време повеќе сакаат да го поминуваат дома. Се интересираат за спортските и политичките актуелности, и најмногу од нив се интелектуалци и/или умерени семејни луѓе.

Хрватска – „…така е добро што повторно ќе те сретнам!“ 

Од пазарите што се опфатени со BrandPuls , Хрватска е најблискиот ЕУ-пазар. Таму нè претставуваат „Витаминка“, „Алкалоид“, „Цермат“, „Макпрогрес“ и „Мамасфуд“. Мора да се напомене дека само „Алкалоид“ и „Витаминка“ успеваат на овој пазар да остварат присуство во повеќе од една категорија. 18% од потрошувачката популација во Хрватска на возраст од 15 до 64 години користи во својот репертоар барем еден наш бренд, во која било категорија на производи за широка потрошувачка. Ако во непосредното соседство, во Косово, наши беа 71% од потрошувачите и оттука произлегоа мал број разлики меѓу двата профила, дали во Хрватска, каде што процентот на наши е значително помал, ќе има зголемен број на разлики?

Според демографските податоци, се чини дека нашите во Хрватска се нешто постари потрошувачи во однос на целиот пазар.
Деталните увиди во ставовите на нашите во Хрватска се претставени во графикон 4.

BrandPuls сегментацијата укажува на профил кој е со зголемен медиумски афинитет кон ТВ и весници, кој ужива во своите гастрономски преференции и кој слободното време најмногу сака да го поминува дома.

Целосната анализа можете да ја прочитате на порталот InStore.mk