Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово денеска почна со работа македонско-холандската фабрика за стакло “Глас Флекс”. Станува збор за производствен капацитет во кој ќе се произведува калено, ламинирано и други видови специјални стакла кои претежно ќе се бидат наменети за извоз.
Вредноста на инвестицијата е 9 милиони евра, а во фабриката која се простира на 9.000 метри квадратни предвидени се 300 вработувања .
“Фабриката е со најмодерна линија за производство на стакло единствен на Балканот, која користи најмодерна технологија со целосно автоматизиран процес. Се работи претежно за извоз, 80 проценти од производството се продава на пазарите на поранешните југословенски републики и западноевропските држави” изјави Гоце Пешов, менаџер во „Глас Флекс“.
Министерот за економија Крешник Бектеши, кој присуствуваше на настанот, рече дека се прават напори да не се стопираат активности во зоните и покрај пандемијата.
Бектеши потенцираше дека во изминатите години се донесени низа законски решенија и мерки се со цел привлекување на нови странски инвестиции и подобрување на условите за работа на постоечките инвеститори.
“Како Министерство за економија имаме добиено апликација за отворање на нов капацитет на германска компанија за изработка на компоненти за автомобилска индустрија тука во технолошко индустриската развојна зона, рече Бектеши.