Денес во Букурешт Романија се отвори изложбата на македонска храна и пијалоци од страна на високи македонски владини претставници и од претседателот на Стопанска комора на Букурешт Г-дин Иулиу Стоклоса.

На изложбата присуствуваа генералниот директор на Макпрогрес г-дин Gligor Cvetanov како и градоначалникот на Општина Виница г-дин Ивица Димитров.
Компанијата Макпрогрес на изложбата се претставува со производи од своите брендови: Vincinni, Natura и KRŠLA Vineyards.
Романија е седми најголем пазар за извоз на македонската храна и прехранабени  производи, каде минатата 2020 година е остварен извоз од 18 милиони евра.

Најголем дел од извозот на храна на романскиот пазар отпаѓа на кондиторски производи, чиј извоз лани надмина 8,5 милиони евра. Околу 4,1 милиони евра вреден извоз е остварен со продажба на зеленчук, најмногу зелка, додека извозот на зеленчукизнесувал 4 милиони евра, пришто најизвезувано овошје биле јаболката.