Компанијата Макстил информира дека изминатата 2020 година ја завршила со со приходи од продажба од 54,3 милиони евра, што е пад од 25% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од финансиските извештаи на компанијата објавени на Македонската берза.

Дури 80% од приходите од продажба на Макстил изминатата година се остварени од извоз, односно продажба на странски пазари, кои се намалени за 25% и изнесувале 51,7 милиони евра.
Приходите од продажба на домашниот пазар, пак, изнесувале 12,5 милиони евра и се намалени за 19%.

Од извештаите може да се види дека производителот на топловалани лимови Макстил во првите девет месеци годинава ги намалил оперативните расходи за 38%, главно заради помалите трошоци за суровини и материјали.

Компанијата информира дека во периодот јануари-септември годинава работела со оперативна добивка од околу 1,3 милион евра, што е петкратно поголема во споредба со нето добивката од само 116 илајди евра остварена во 2019 година.

Од Макстил велатдека пандемијата на Ковид-19 имала големо влијание врз глобалната економија и светската челична индустрија.

“Во сите региони беше регистрирано намалување на производството на челик особено во првата половина на годината кое беше проследено со намалена потрошувачка и пад на цените на челичните производи. Воведени беа ограничувачки мерки за движење, глобалните синџири на снабдуање исто така беа погодени, а довербата на економските субјекти нарушена. Иако благи знаци на подобрување се почувствуваа во последниот квартал од годината, останува фактот дека кризата ќе предизвика долгорочни последици на челичната индустрија. Дигитализацијата, новите технологии и иновативноста придонесоа до некаде да бидат минимизирани негативните последици од пандемијата. Овие текови извршија влијание и на работењето на нашата компанија која успеа да го адаптира начинот на тековното работење на новите околности што неминовно придонесе за зголемување на трошоците од работењето”, велат од Макстил.

Од Макстил велат дека во текот на 2020 година реализирале инвестици од над 4,7 милиони евра, а во септември минатата година компанијата добила и А-интегрираната еколошка дозвола со којашто се минимизираат и контролираат сите можни извори на загадувачки супстанции.

Во однос на годинава, очекувањата на Макстил се умерено оптимистички и се темелат на прогнозата за опоравување на глобалната побарувачка на челик поддржана од фискалните стимултивни мерки за поддршка на инфраструктурните проекти.