Маркетинг

Извоз.МК е специјализирана платформа за поддршка и промоција на македонскиот извоз и извозните компании преку обединување на едно место на сите важни информации, пазарни трендови, истражувања и поддршка од значење за олеснување на извозот и интернационализација на бизнисите.

Што може да очекувате ако се рекламирате во Извоз.МК?

  • Дигитално огласување преку различни видови на рекламни банери и објава на промотивни текстови за вашата компанија и интервјуа на специјализиран портал кој дневно ажурира текстови и информации од областа на извоз и надворешна трговија, економија, меѓународната трговија, логистика, финансиски и осигурителни услуги.
  • Јасно дефинирана целна група. Целна група на Извоз.МК се компании кои извезуваат и тргуваат со странство, кои се меѓу најуспешните во земјата; логистички компании и компании кои нудат опрема и решенија за транспорт и логистика; банки и осигурителни компании кои нудат производи и услуги за поддршка на надворешно-трговското работење)
  • Поддршка при изборот, подготовката и пласман на промотивните материјали од новинари со долгогодишно искуство во покривање на бизнис и економија, поткрепени со аналитички и проверени информации и податоци.
  • Поголема видливост преку останати канали и социјални мрежи (Facebook, Linkedin, Twitter)

Доколку сте заинтересирани за соработка контактирајте не на marketing@izvoz.mk
или на телефонскиот број +389 70 401 162.


Ценовникот за рекламирање можете да го симнете на следниов линк.