“За да се спречат последиците од економската криза споредливи со онаа од 1929 година, Владите во САД, Германија, но исто така и во Северна Македонија презедоа силни мерки за јакнење на компаниите и не ги повторија грешките направени со водење на политика на штедење кои беа направени во 1929 година. Особено е важно да се поддржат компаниите кои се важни за системот, како и компаниите кои се поставени на здрава основа. Одржливото закрепнување на економијата, нема потреба само од терапија која што ќе делува веднаш, туку има потреба и од чувство за пропорција „Вклучување на државата што е можно помалку, вклучување на државата онолку колку што е потребно”, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава.
Откако компаниите ги поздравија мерките за поддршка на стопанството, порачува Мартенс, тие треба да стремат кон што е можно поскоро враќање со полна снага на пазарот.
“На прашањето за последователните трошоци како резултат од користењето на мерките за поддршка на стопанството кое си го поставуваат сите компании, треба да се одговори што поскоро и транспарентно. Како последица од настанатата криза со корона вирусот, веќе може да се каже дека ќе има промени на пазарот на трудот во Германија, но и Северна Македонија. Со зголемувањето на невработеноста во Германија, емиграцијата од Северна Македонија во Германија истовремено ќе се намали. За компаниите во Северна Македонија, ова значи дека достапноста на работната сила може да се зголеми индиректно”, вели Мартенс.
Тој инофмира дека минатата недела Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) ги претставила резултатите од World Business Outlook анкетата (пролет 2020), која е спроведена помеѓу германските комори во светот.
“ Добиените резултати покажуваат дека германските компании во странство ги чувствуваат во целост последиците од пандемијата на корона вирусот. Сите релевантни истражувања кои се спроведени до сега се разликуваат во однос на степенот на претстојниот пад во стопанството во нивните земји. Прогнозите се менуваат секојдневно и се одраз на фактот дека во моментов сè уште ситуацијата не е јасна”, вели Мартенс.
Според него, со растот на слободните економски зони во Северна Македонија и заживувањето на старите индустриски објекти, се појавуваат интересни можности за германските компании.