Милан Дамчевски, директор на бизнис филијала во ПроКредит Банка


 

ПроКредит банка веќе е лојален и докажан партнер на македонските бизниси. Веќе 17 години придонесува за развојот на македонската економија, го поддржува извозот .

Милан Дамчевски, директор на бизнис филијала во ПроКредит Банка вели дека и покрај вонредните услови за работа предизвикани од Ковид 19 кризата, бизнис моделот на ПроКредит Банка, како прва дигитална банка на пазарот дал максимално позитивен ефект во работењето во првата половина од 2020 година.
“Тоа што не прави посебно горди е начинот на кој ги остваривме резултатите, пред се благодарение на нашите високо компетентни, мотивирани и максимално посветени вработени, како и развиените и едноставни за користење дигитални канали на комуникација и услуги”, вели Дамчевски.

 

Какви се прогнозите и очекувањата во однос на корпоративното кредитирање во следниот период, посебно за поддршката на извозните компании врзано со прогнозите за македонската економија?

Прокредит Банка АД Скопје дава континуирана подршка на малите и средни претпријатија, вклучувајќи ги тука и извозниците. Заклучно со месец јули, во текот на 2020 година беа исплатени вкупно 100 милиони евра кредити за поддршка на локалната економија и потрошувачка и реализиравме пораст на кредитното портфолио од 23,7 милиони евра.
Притоа депозитната база на банката е стабилна и последните два месеци бележи и пораст.

За какви производи и услуги покажуваат интерес извозните компании во пост Ковид периодот и што Вие како институција би можеле да понудите?

Најголемиот интерес во овој период компаниите покажаа за кредити за инвестиции за прилагодување и ублажување на ефектите од кризата. Инвестиции во софтвер, автоматизација и дигитализација, реорганизација како и инвестиции во развој на производи или сектори кои се помалку погодени од кризата или за кои се зголеми побарувачката.
Секако имаше голем интерес и за кредитите за ликвидност со цел надминување на краткорочните ликвидносни јазови кои кризата ги предизвика.


Какви производи или мерки би можеле да помогнат да се зголеми и олесни поддршката за извозните компании, посебно во делот на споделување на ризикот за кредитирање и полесен пристап до финансии?

Кога зборуваме за олеснет пристап до кредитирање, најчесто во пракса малите и средни претпријатија се соочуваат со недостаток на потребно обезбедување за да ги исполнат своите планирани цели за инвестирање и развој.

Прокредит Банка веќе подолг период е единствена Банка која нуди на пазарот кредити од Гарантни фондови со што се дели ризикот од клиентот и со тоа се олеснува кредитирањето на клиентите кои имаат добри бизнис планови и иновативни идеи за својот бизнис.
Исто така, во соработка со Развојната банка на С.Македонија и Триглав осигурување, Банката нуди можност клиентите да ги понудат своите осигурани побарувања како залог со што значително се подобрува ликвидноста на компаниите.
Извозните компании исто така често имаат потреба од документарно работење како гаранции и акредитиви за да ги осигураат своите зделки со странските партнери, па Банката има имплементирано забрзан процес за издавање на овие производи по поволни цени.

Дополнително, во делот на платниот промет, Прокредит Банка како регионална Банка, нуди на своите клиенти единствена услуга на брз трансфер на пари помеѓу Банките од групацијата со што извозните компании кои се присутни на регионалните пазари како Косово, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина можат да ги добијат своите приливи од странство во истиот ден без трошоци за клиентот.