Министерството за економија објави јавен повик за поддршка на фирми од преработувачката индустрија за зголемување на конкурентноста

Министертвото за економија во петокот го објави јавниот повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловни субјекти од преработувачката индустрија. Предмет на Јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловниот субјект за развој на деловен субјект, развој на производ и развој на пазар во вкупен износ од 4,5 милиони денари или околу 73 илјади евра.

Министерството за економија надоместува 75% од докажаните трошоци на барателот , но не повеќе од 300.000 денари (4.878 евра) поединечно за секој барател.

Фирмите може да добијат поддршка за повеќе активности како на пример за дизајн на производ, изработка на студии за истражување на пазарот или активности за развој на бренд, сертификација за стандарди, воведување на нови модели за зголемување на конкурентноста, дигитална трансформација и слично.

Право на учество имаат сите фирми од преработувачка индустрија, а корисник на субвенција може да бидат само оние фирми кои не добиле државна помош за иста активност во изминатите две години.

Крајниот рок за доставување на барањата е 31 јули 2020 година.

Повеќе детали за тоа како може да улествувате на овој повик и да добиете поддршка за зголемување на конкурентноста можете да видите на линковите подолу:


ЈАВЕН ПОВИК >>>
У П А Т С Т В О ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ СО ИНДИКАТОРИ НА УСПЕШНОСТ >>>
ОБРАЗЕЦ 1 ПКИП 2020 Б. ИП >>>
И З Ј А В А >>>
ИЗЈАВА ОД БАРАТЕЛОТ ЗА ДОДЕЛЕНА ДРЖАВНА ПОМОШ >>>