Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија #AHKNordmazedonien организира Б2Б настан на кој компаниите од металната и електро преработувачката индустрија ќе имаат можност да се сретнат со претставници на врвни германски производни компании и да станат дел од европските синџири на добавувачи.
Настанот насловен „Иницијатива за пронаоѓање компании- добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании“, кој се одржува по шести пат, ќе се одржи од 9 до 22 септември и на него можат да учествуваат сите компании од металната и електро преработувачката индустрија кои се заинтересирани за воспоставување деловни контакти со претставниците на компаниите од западен Балкан со цел да станат нивни добавувачи на стоки и услуги.
Металната и електро преработувачката индустрија во земјава се најмногу погодени од кризата предизвикана од Корона вирусот и имаат пад од 30%.
Од Делегацијата на германското стопанство информираат дека заинтересираните компании од металопреработувачката индустрија можат да аплицираат за учество на овој Б2Б настан и да ја пратат својата апликација на следната адреса: abdulai@nordmazedonien.ahk.de