Околу 4.000 компании од 91 земја од целиот свет се регистрирани а за годинешниот саем Anuga 2021, а организаторот очекува бројот на регистрации уште да се зголемува.
Водечкиот саем за храна и пијалоци годинава ќе се одржи од 9 до 13 октомври под мотото “Вкуси ја иднината” (Tase the future), а заради пандемијата ќе биде организиран на комбиниран начин, односно со физичко и онлајн изложување и следење преку Anuga@home.
Според информациите од организаторот, на Саемот ќе учествуваат и неколку македонски компании од прехранбената и кондиторската индустрија, а меѓу нив се Витаминка, Мама’с фуд, Кадино, Макс, Жито Промет, а со заеднички штанд ќе биде присутно и Министерството за земјоделство.
Хибридниот пристап им овозможува на професионалците од прехранбената индустрија да откријат атрактивни присуства и производи на саемот и да се поврзат со релевантни партнери за контакт преку иновативни канали.
Земјите со најголем број изложувачи се Белгија, Германија, Франција, Грција, Италија, Холандија, Полска, Шпанија, Турција и САД.
Главна тема: Трансформирај
Под клучната тема „Трансформирај“, водечкиот глобален саем за храна и пијалоци оваа година ги разгледува идните теми и, меѓу другото, претставува иновации од растителни протеини базирани на клетки, производи за замена на месо, здрава и функционална храна.
Конгресите кои се одржуваат паралелно со саемот ќе покриваат теми кои ги покриваат одржлива трансформација на индустријата за храна и пијалоци, сложеноста и предизвици низ синџирот на снабдување, како што се климата, пакувањето, загубите на храна и човековите права.
Повеќе информации за годинешниот саем Anuga 2021 може да прочитате на следниот линк.
Извор: Anuga