Наскоро ќе биде објавена новата, шеста по ред, специјална годишна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025“, која ги рангира најголемите и најуспешни извозни компании во Северна Македонија.

Оваа влијателна публикација претставува уникатна платформа за промоција на водечките извозници, нивните успешни деловни практики, иновации и достигнувања, со цел да се поттикне јавната свест и институционалната поддршка за извозот како клучен двигател на економскиот раст.

Како и досега, ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозници, според вредноста на извозот остварен во 2024 година — односно приходите од продажба на странски пазари.

Годинава, по трет пат, ќе биде објавен и тематскиот прилог „Кој е кој во логистичкиот и транспортниот бизнис во Македонија“, посветен на водечките компании во транспорт, логистика и шпедиција, рангирани според остварените приходи во 2024 година.

Едицијата ќе ги обедини ставовите и идеите на најголемите извозни компании, државни институции и економски експерти за тоа како да се надминат актуелните предизвици и да се искористат глобалните можности во време на неизвесност, геополитички конфликти и брз технолошки развој.

Во публикацијата ќе бидат вклучени:

  • Секторски анализи и рангирања по индустрии;
  • Интервјуа и колумни од лидери и експерти од бизнис-секторот, финансиската и осигурителната индустрија;
  • Стратегии за глобален настап и управување со синџирите на снабдување;
  • Глобални трендови и прогнози за следната година.

📣 БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НАЈВЛИЈАТЕЛНАТА ЕКОНОМСКА ПУБЛИКАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!

Специјалната годишна едиција „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ“ ќе се објави на почетокот на ноември во висококвалитетно печатено издание, кое се дистрибуира до најзначајните државни институции, бизнис-комори и амбасади, водечки компании и донесувачи на одлуки.

Со учество и поддршка на овој проект добивате можност:

  • Да ја зголемите видливоста на вашиот корпоративен бренд и влијанието на вашата компанија пред релевантната економска јавност
  • Да ги презентирате вашите производи и услуги и да ја споделите вашата успешна приказна пред прецизно таргетирана публика

Учеството во едицијата „ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ“ претставува многу повеќе од обична промоција — тоа е стратешко позиционирање на вашиот бренд пред најрелевантната деловна јавност во земјата и пошироко, како и поддршка на проект кој го промовира најдоброто од македонската економија.

📩 За повеќе информации и комерцијални можности за претставување, контактирајте нè на:

📧 marketing@izvoz.mk / contact@izvoz.mk

📞 070 401 162