Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) ја најавува втората годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2021, која има за цел да ги идентификува најдобрите извозни компании, да ги промовира нивните извозни успеси и добри практики кои придонесуваат за повисока додадена вредност во македонската економија.

Во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на производи на странски пазари реализирани во 2020 година.
Станува збор за проект кој има за цел да придонесе кон зголемување на свесноста кај јавноста и носителите на економските политики за значењето на извозот за севкупниот раст и развој на економијата, посебно во периодот на пост-ковид обновување на економијата.
Во новата едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе ги промовираме и обединиме на едно место предлозите и идеите на најголемите и најуспешните извозни компании, на државните институции, економските експерти и финансискиот сектор за тоа:
  • Kако да се зголеми и поддржи извозот во пост-ковид периодот?
  • Патот до извоз на храна со поголема додадена вредност?
  • Клучот за успехот е во нови извозни производи и извозни пазари!
  • Какви финансиски и осигурителни производи им се потребни на извозните компании за работење во неизвесниот пост-Ковид период?
  • Какви транспортни и логистички услуги и решенија ќе ја олеснат трговијата со странство?
  • Шансата на земјите од Западен Балкан во рекомпонирањето на глобалните синџири на снабдување?
Во едицијата ќе бидат вклучени и повеќе интервјуа со лидерите на најголемите извозни компании, финансиски институции и државни институции од земјава, колумни, како и детални секторски анализи на најголемите извозни индустрии.

Бидете во друштво со најдобрите

Специјалната годишна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавена во септември 2021 година во ексклузивно печатено издание во високо квалитетен печат и продукција.
Сите заинтересирани компании и субјекти имаат можност да ги промовираат и претстават подетално своите производи, услуги и вредности преку профил на компанијата, ПР објави или интервју во изданието, како и на платформата www.izvoz.mk.
Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување пред внимателно таргетираната читателска публика можете да добиете на e-mail: marketing@izvoz.mk, contact@izvoz.mk и izvozmk@izvoz.mk  или на телефонскиот број 070 401 162.