Економијата на Велика Британија, која е втор најголем трговски партнер на Р.С.Македонија, бележи пад од 20,4% во април во споредба со претходниот месец март. Падот е уште поголем и изнесува 24,5% ако се спореди со април ланската година.
Овој рекорден пад во британската економија е последица на тоа што во април цели сектори беа затворени од мерките за борба против коронавирусот.
Канцеларијата за национална статистика соопшти дека економијата се намалила на големината која ја имала во 2002 година.
Велика Британија е втор најголем трговски партнер на Македонија, со која минатата 2019 година е остварена трговска размена во вредност од 1,1 милијарда евра. Најголем дел од оваа размена отпаѓа на увозот кој изнесува 970 милиони евра. Извозот пак на британскиот пазар лани изнесувал 143 милиони евра.
„Ова е катастрофално, буквално во размер што никогаш досега не се видел во историјата“, вели Пол Џононсон, директор на Институтот за фискални студии.
„Вистинското прашање е што ќе се случува следно“.
Од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) велат дека Велика Британија – со огромните индустрии за услуги што се погодени од мерките за физичко дистанцирање – би можела да претрпи најголем пад од државите членки, со 11,5% пад оваа година.
Британските власти се надеваат дека благодарението со пакетот финансиска поддршка за економијата тежок 168 милијарди долари, Велика Британија имала шанса за брзо закрепнување откако економијата повторно целонсно ќе се отвори.
Голем дел од малопродажниот сектор на Велика Британија треба да се отвори следната недела, а владата минатиот месец ги повика луѓето кои не можат да си ја вршат работата дома да се вратат на работа бидејќи ограничувањата постепено се укинуваат.
Гувернерот на Банката на Англија, Ендру Бејли, кој предупреди за најдлабока рецесија во три века наназад, смета дека може да видат некои знаци на закрепнување, но долгорочните економски штети остануваат.