Најголемо досега вложување: Германската железница инвестира 12 милијарди евра во инфраструктура

Германската државна компанија Дојче Бан (Deutsche Bahn) планира годинава да обнови околу 1.800 километри пруги, да модернизира 160 мостови и повеќе железнички станици, во што ќе бидат инвестирани 12,2 милијарди евра.

Ова е 1,5 милијарди евра повеќе отколку што компанијата инвестирала во 2019 година и најголема досега инвестиција во инфраструктура во историјата на Дојче Бан.

„Благодарение на поддршката на политиката, влегуваме во деценија на инвестиции“, се посочува во соопштениет на компанијата.

Модернизацијата на инфраструктурата и охрабрувањето на граѓаните повеќе да ја користат железницата е составен дел на владината стратегија за драстично намалување на штетните јаглеродни гасови во следните децении.