Македонските компании во периодот од јануари до септември годинава излезле производи во вредност од 4,05 милијарди евра, што е пад д 15,2% во споредба со минатата година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Најголем дел од македонскиот извоз или 77% бил насочен кон земјите на Европската Унија. Во периодот од јануари до септември годинава во земјите од ЕУ биле извезени производи во вредност од 3,2 милијарда евра, што е за 17,3% или за 653 милиониевра помалку отколку во истиот период минатата година.
Увозот од ЕУ во истиот период изнесувал 2,5 милијарди евра и е за 20% помал во споредба со увозот реализиран во истиот период минатата година.
Извозот и увозот бележат пад и во земјите од Западен Балкан. Во петте земји од Западен Балкан во првите девет месеци биле извезени производи вредни 458 милиони евра , што е за 16,5% помалку во споредба со истиот период лани. Увозот од Западен Балкан во овој период знесувал 525 милиони евра и е помал за 7,2% во споредба со истиот период лани.
Во земјите од Азиско-пацифичкиот регион во овој период е релизиран извоз од 106 милиони евра (+13,2%) и увоз од 455 милиони евра (+2,3%).
Најголем извозен пазар годинава и понатаму е Германија, каде е релизиран извоз од 1,86 милијарди евра, што е 45,6% од вкупниот извоз на земјата, кој бележи пад од 20,2%.
Втор најголем пазар е Бугарија со извоз од 195 милиони евра, кој бележи пад од 16,3%. Трет е Косово со извоз вреден 169 милиони евра, кој е намален за 24%, следи Србија со извоз од 158 милиони евра (-15,6%), Грција со извоз од 134 милиони евра (-0,1%).
Гледано по земји, ако се анализираат податоци за 20-те најголеми трговски партнери, извозот во првите девет месеци растел во седум земји, додека во останатите 13 земји имало пад на извозот.
Најголем раст на извозот имало во Русија од 19,1%, каде во првите девет месеци биле извезени производи во вредност од 36,5 милиони евра, и во Кина, каде во овој период е реализиран извоз вреден 100 милиони евра, што е за 11,7% повеќе во споредба со истиот период лани.
Најголем дел од извозот во Кина отпаќа на фероникелот од Еуроникел (поранешна Фени Индустри) , додека на рускиот пазар најмногу извезува земјоделски производи и лекови.
Раст на извозот имало и во Хрватска (+9%), Австрија (+7,5%), Полска (+4,9%), Турција (+1,2%) и Велика Британија (+0,4%).
Најголем пад на извозот во првите девет месеци имало во Романија (-38%), Белгија (-29,5%), САД (-28%), Италија (-24,7%), Косово (-23,9%) и Германија (-20,2%).