За побрзо приближување кон Европската унија (ЕУ), економиите на Македонија и Западен Балкан треба да ги забрзаат стапките на економски раст. За да се постигне тоа, потребна е трансформација од производство на производи со ниска кон производи со поголема додадена вредност. Овој процес бара промена на трудоинтензивното производство во капитално интензивно производство, како и капацитет за влез во развиените странски синџири на снабдување. Ова се некои од главните заклучоци на студијата на ОЕЦД со наслов: „Глобална Југоисточна Европа: Ослободување на трансформативниот потенцијал за раст во Западен Балкан“, која беше презентирана на прославата на 98 годишнината од основањето на Стопанската комора.

Студијата констатира дека развиеноста на една земја може да се процени преку тоа колку и какви производи извезува. Развиените земји произведуваат покомплексни производи, додека понерзвиените земји произведуваат понекомплексни производи кои можат да ги произведуваат многу земји, заради што немаат конкурентска предност. Колку е комплексноста поголема, толку и можноста за раст на БДП е пореална.

На пример, на Индексот за економска комплексност највисоко котираат Јапонија, Швајцарија и Германија, а најниско котираат Ирак и Нигерија. Македонија и земјите од Зааден Балкан се позиционирани малку над средината на листата на најкломплексни економии со значителен потецијал да го унапредат производството. Од шесте земји во регионот Македонија е четврто рангирана според економската комплексност, отприлика на исто ниво како и Црна Гора, но се проценува дека има поголема опортунитетна вредност од Црна Гора, Албанија и Косово, благодарение на странските директни инвестиции кои имаат клучна улога кон унапредување кон производство на покомплексни производи.

Ако треба да се извлече некој главен закелучок или порака од оваа анализа тоа би бил дека само менувањето на производството кон технолошки понапредни производи ќе резултира со зголемување на додадената вредност во економијата.
Препораките на ОЕЦД се дека секторите кои можат да придонесат кон оваа цел треба да бараат во производните сектори и извозните активности, кои не би требало да ја базираат својата конкурентност на екслоатација на евтина работна рака, ниски даноци и ниски или субвенционирани цени на електрична енергија, бидејќи таквите конкурентски предности не се одржливи на долг рок. 

Кои сектори и производи во Македонија имаат конконкурентска предност?

Во Македонија доминира традиционално производство, но присутно е и производство на неколку комплексни производи со висока додадена вредност кои се извезуваат во светот и кои имаат големо учество во извозот. Најголем дел од нив се сконцентрирани во индустријата за автомобилски делови.
Во студијата на ОЕЦД се идентификувани 230 производи кои би можеле да ја зголемат комплекноста на македонската економија. Околу 40% од нив се во следниве сектори: производство на машини и електрична опрема, метали и хемикалии. Најголем број или  38 производи се идентификувани во секторот производтсво на машини, механичка и електрична опрема, 36 во секторот на основни метали, 24 во хемиската индустрија, 22 производи се во секторот на дрво и дрвни производи, 19 во текстилната индустрија, 17 во индустријата за градежни материјали, 15 во индустријата за пластични производи, 14 производи во производи од животинско потекло, 13 производи се зеленчук…
Во студијата на ОЕЦД се споменува дека Македонија има  конкурентска предност и кај минералните суровини, посебно кај извозот на цинк, олово и бакар кои се извезуваат во Бугарија.

Врз основа на тоа што земјата извезува и кои се нејзините конкурентски предности идентификувани се следниве четири сектори ОЕЦД лоцира четири сектори кои би можеле да ја поместат производната структура кон покомплески производи и кои можат да донесат страуктурна трансформација и економски раст. Тоа се  aгро секторот, металопреработувачката индустрија, индустријата за автомобилски делови и машинската индустрија.

# Агро секторот – има значително учество во македонската економија со учество од 9,2% во Бруто домашниот производ (БДП), 16,6% во вработувањето и 5% во вкупниот извоз. Според ОЕЦД, во периодот од 2012 до 2016 година Македонија имала најголем раст од 2,5% на додадената вредност во земјоделието и 10,1% во секторот за преработки на храна во споредба со останатите земји од Западен Балкан. Како најголеми пречки за овој сектор се посочуваат ниската продуктивност заради употребата на застарена механизација и големата расцепканост на земјиштето, проблеми со снабдување со суровини и несоодветно обучени снабдувачи. Како политики кои може да придонесат за поголема продуктивност на овој сектор се посочени консолидација и окрупнување на земјиштето, повисоки санитарни и  фитосанитарни мерки за поголема безбедност на храната, едукација и воведување на иновативни системи и одржливи практики во земјоделието кои би ги следеле пазарите трендови. Понатаму, се препорачува поддршката и субвенциите за земјоделскиот сектор да бидат насочени кон производителите кои иновативно и ефикасно ги користат производните фактори, субвенционирање на инфраструктура и пристап до знаење и технологија.
Како област со голем потенцијал за раст се посочува органското производство со оглед на растот на побарувачката за квалитетни земјоделски производи.
Најголемиот дел од производите од агро секторот, односно земјоделските производи и прехранбените производи се извезуваат во земјите од регионот на Западен Балкан.

# Металопреработувачка индустрија – Секторот за преработка на метали е основа за преработувачката индустрија на која било економија, бидејќи метални компоненти се користат во скоро сите индустрии и индустриски апликации, вклучително и во транспортот, енергетиката, градежништвото и машините. Во овој сектор влегуваат основни и фабрикувани метали. Секторот за преработка на метали е многу високо капитално и енергетски интензивена, а секоја активност има значително влијание врз животната средина, вклучително и материјалниот отпад, како и емисиите во воздухот и водата. И покрај економската важност на секторот, тој е многу цикличен, и предмет не само на флуктуациите во економската активност и растот, туку и на политичкото мешање и геополитички нарушувања, што честопати доведува до нестабилност на пазарот и цената. Ова е уште поважно во тековниот глобален економски и политички контекст, што се карактеризира со зголемени трговски конфликти.
Металопреработувачкиот сектор има големо значење за Македонија и за земјите од Западен Балкан и тој учествува со 1,1% во БДП, 2% во вкупната вработеност и 9,5% во извозот на Македонија. Но, најголеми пречки на овој сектор се застарената технологија и ниската продуктивност, немање на соодветни методи за третман и рециклирање на отпадот, негативно влијание врз животната средина и голема употреба на фосилни горива.
Како извозен потенцијал кој може да има раст во следниот период од ОЕЦД го посочуваат производството на полуфарбрикувани алуминиумски производи, а како политики ги посочуваат иневстиции во зелени технологии и обезбедување ефикасно користење на електричната енергија.

# Индустрија за автомобилски делови –Индустријата за автомобилски делови бележи рапиден развој во изминатуиве десетина години во Македонија и според ОЕЦД има потенцијал да го зголеми економскиот развој на земјата. Оваа индустрија учествува со 0,4% во БДП (но нејзиното учество расте со над 60% годишно), 1,1% во вкупната вработеност и околу 50% во извозот.
Како најголеми пречки за развој на овој сектор се посочени слабите врски на странските директни инвестиции со домашни снабдувачи, недостаток на обучена работна сила, високите стапки на царини за увоз на суровини и силната зависност од само еден пазар, односно од Германија. Како политики кои би можеле да го поттикнат развојот се посочуваат воведување на стандардите за квалитет, подобар пристап до квалитетна инфраструктура и обезбедување на квалификуван работен кадар.
Технолошкиот развој и премин кон електричлни возила, промени во преференциите на потрошувачите и построгите еконошки стандарди се фактори кои ја обликуваат глобалната автомобилска индустрија, кои можат да донесат пречки, но и да отворат нови можности за раст раст.


# Машински сектор
– Машинскиот сектор се чини дека се уште е потценет, но има големи потенцијали за развој. Овој сектор има учество од 1,3% во БДП, во вкупната вработеност учествува со 0,9%, аво вкупниот извоз има учество од 3,7%. Извозот на овој сектор е претежно насочен кон Германија и ЕУ, и станува збор за извозни производи со релативно повисока комплексност.
Во студијата на ОЕЦД како најголеми пречки на овој сектор се посочуваат слабата финансиска писменост и подготвеност за инвестиции на компаниите, административни пречки со различна интерпретација на бизнис регулативата, непочитување на договорите и голем идел на сива економија.
Во секторот за производство на машини се случуваат радикални промени како резултат на зголемена употреба на ИТ. Ова бара примена на релевантни дигитални вештини кај компаниите. Недостатокот и неусогласеноста во дигиталните вештини го поткопуваат економскиот раст и конкурентноста на овој сектор.
Како политики кои би можеле да го поттикнат развојот се посочуваат обезбедување на поголема бизнис поддршка на компаниите од овој сектор, подобрување на пристапот до капитал, посебно за малите и средните претпријатија, поттикнување на воведување на ИТ и автоматизација во фабриките,

Во студијата исто така се идентификувани и две групи на производи кои имаат потенцијал да донесат краткорочни и долгорочни придобивки во зависност од тоа колку време и труд е потребно за да придонесат ефективно кон зголемување на економската комплексност на земјата.
Во групата производи кои можат да донесат придобивки на краток рок се земјоделските производи и основните метали, мебел, металски производи, а во групата кои би можеле да донесат долгорочни придобивки се лоцирани автомобилските делови, машини и електрилна опрема, кои главно се поврзани со странските инвеститори во зоните.
Првата група производи се најчесто озвезувани во земјите од регионот, а втората група производи со поголема комплексност се извезуваат во земјите од ЕУ и земјите од вишеградската четворка кој исто така се поврзани со германската автомобилска индустрија.