Со извоз на свежо гројзе во вредност од 13,8 милиони долари во 2019 година Македонија е 26 најголем извозник во светот.

Македонското свежо грозје во 2019 година се извезувало на 28 пазари, но само на четири пазари имаме остварено извоз поголем од еден милион долари. Најголем извозен пазар за македонското свежо грозје лани била Србија со извоз од 5,7 милион долари. Втор најголем пазар била Босна и Херцеговина каде лани сме имале извоз од 1,1 милион долари, следува Црна Гора со извоз од 1,09 милиони долари и Русија со извезено грозје во вредност од 1, 02 милиони долари. Потоа следат Албанија, Косово, Австрија, Латвија, Романија и Полска.

Македонија е трет најголем извозник на грозје во регионот. Најголем извозник на грозје од регионот е Грција која во 2019 година извезла грозје во вредност од 97 милиони долари и која е 14 најголем извозник во светот. Следи Словенија која со извоз на грозје од 35 милиони долари е 20-ти најголем извозник во светот.

Гледано по земји, како најголем извозник на грозје во светот во 2019 година се искачи Кина со извоз од 987 милиони долари, годишен раст од дури 43% со што го надмина Чиле, кој во 2019 година имал извоз на грозје вреден 949 милиони долари. Трет најголем извозник на грозје е Холандија со извоз од 918 милиони долари, четврти се САД со извоз од 855 милиони долари. Седат Перу, Италија, Јужна Африка, Австралија, Хонг Конг и Индија.

Европската унија е најголем извозник на грозје, која во 2018 година извезла грозје во вредност од 2,4 милијарди долари или околу 28% од вкупниот светски извоз на грозје. Следат Азија со учество од 24,5% и Латинска Америка со 22% учество во вкупниот светски извоз.