Амбасадата на Република Италија во Република Северна Македонија, Ве информира дека од денес официјално, ИЧА/ИТЕ-Италијанската трговска агенција, ја пушти во употреба ново изготвената, најголема платформа на италијански компании, отворени за соработка со странски партнери.
ИТА – Италијанската трговска агенција го поддржува развојот на италијанските компании во странство, ги зголемува можностите за деловна активност, го подобрува имиџот на брендот „Made in Italy“, промовира индустриска соработка, како и привлекување странски инвестиции во Италија.
За таа цел, ново креираната база содржи преку 1.000 профили на италијански компании со промотивен материјал од нивните производи, детални спецификации на истите, контакт информации, како и информации за нивните деловни побарувања и понуди.
Покрај домашните, своите производи и услуги можат да ги промовираат и странски компании, со бесплатна регистрација директно на „онлајн“ платформата https://www.ice.it/en/my-home/find-your-italian-partner.