Извозот на домати од Македонија минатата 2020 година е намален за 14,6% во споредба со претходната година и достигна вредност од 9,9 милиони долари. Т Статстичките податоци покажуваат дека извозот на македонски домати минатата година бил најмал во последите осум години.
Според вредноста на извезените домати Македонија лани била 42 најголем извозник на домати во светот, пад од пет места подолу во споредба со 2019 година кога Македонија со извоз од 11,6 милиони долари беше рангирана на 37 место.
Ако се споредува македонскиот извоз со извозот на домати од земјите од регионот, Македонија е четврти најголем извоз на домати. Лидер е Албанија која лани имала извоз на домати во вредност од 33,3 милиони долари (+8,6%) и е 24 најголем извозник на домати во светот. Повеќе од нас извезуваат и Бугарија, која лани имала извоз на домати од 13,6% и Грција со извоз вреден 12,4 милиони долари.
Најголем извоз на домати во вредност од 17,1 милион долари Македонија имала во 2017 година, а во последните две годни тој бележи намалување.
Гледано количински најголем извоз на домати сме имале во 2014 година кога биле извезени 29,3 милиони килограми домати, а оттогаш наваму количината на извезени домати се намалува.
Минатата година, доматот бил трет најизвезуван зеленчук од земјава, после зелката и пиперките.
Се намалува и производството на домати
Намалувањето на извозот на домати не е за изненадување ако се знае дека во изминатиов период има тренд на намалување и на производството на домати. Според податоците од државниот завод за статистика во 2019 година во Македонија се произведени 152,3 илајди тони домати, што е намалување за 5,7% воспоредба со претходната 2018 година. Ова е наниско производство на домати во последните пет години. Колку за споредба во 2015 година кога се произвеле 173,4 илајди тони домати.
И покрај субвенциите за домати кои земјоделците ги добиваат од буџетот во изминативе десетина години, производството на домати лани е помало во споредба со пред 10 години. Така во 2010 година во Македонија се произвеле 168 илјади тони домати, што е 15 илајди тони или 9,3% помалку.
Најголеми извозни пазари за македонските домати се Србија, Русија, Бугарија, БиХ и Хрватска.